1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кога Холивуд говори на германски

Германската филмска индустрија е препознатлива и по синхронизацијата. Веројатно досега сте наишле на некој германски ТВ канал на кој имало филм или серија без титлови, каде познати глумци од Холивуд „говорат“ германски.

default

Германија е предводник во синхронизацијата на филмови

Кога станува збор за синхронизацијата, Германците ги бие добар глас. Некои тврдат и оти се најдобри. Последниве дваесет години Маркус Оф работи како глумец и уметник, кој го позајмува гласот во синхронизацијата на филмовите за германското говорно подрачје. Тој е еден од околу милион луѓе кои ја работат оваа професија. „Помалку, така да кажам е сурово да му се одземе некому гласот и да му се даде нова димензија. Одземајќи му го некому гласот, страста, емоциите, морате навистина да се потрудите да ја замените сета таа енергија и да поставите се’ на свое место.“

Најлесно се синхронизираат филмовите на англиски јазик

Гласот на Маркус Оф во Германија го знаат сите, бидејќи го позајмуваше во некои од најпознатите холивудски филмски наслови, како на пример „Пиратите од Карибите“. Како и мнозинството германски актери, Маркус кариерата за започна во театарот. Тој тврди дека е најтешко да се синхронизираат француските и кинеските филмови:

Der verwirrteste Pirat aller Zeiten ist zurück

Сцена од филмот „Пиратите од Карибите 2“

„Најлесно е да се синхронизираат филмови на англиски јазик, а многу тежок е францускиот, бидејќи во германскиот јазик се потребни повеќе зборови за определен француски збор. Така понекогаш е навистина тешко да се вклопиш во она што актерот навистина го говори.“

Втор предизвик во оваа професија е акцентот кој треба да се погоди во синхронизацијата на некоја улога: „Ако не го совладате акцентот тогаш сте ја ’промашиле’ работата, а тоа е голем проблем во синхронизацијата.“

Анимираните филмови се голем предизвик

Vollbesetztes Kino

Публиката ги сака синхронизираните филмови

Клаус Баушулте е продуцент во Берлинското студио за синхронизација. Тоа е воедно и најдоброто студио од таков вид во Германија. Токму тука е направена германската верзија на анимираниот филм „Мадагаскар“, кој според Баушулте е многу тежок за синхронизирање: „Беше тешко бидејќи ликовите во филмот речиси и да не дишат, тие само зборуваат и поради тоа е потребна голема концентрација и прецизност.“

Кога се синхронизираат анимираните филмови најнапред се снима дијалогот, а потоа тоа се вклопува во филмот и пред се’ движењето на усните на цртаните ликови.

Освен Германците сличен пристап имаат на пример Холанѓаните и Полјаците, но германската филмска индустрија е најдалеку одмината во синхронизацијата на филмовите. Се’ изгледа и звучи перфектно. Киносалите се полни, а народот сака такви филмови. Гледачите се под впечаток дека гледаат оригинална верзија на филмот.

Автор: Елис Мол/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска