1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кога хакерите говорат за етика

Повеќе илјади комјутерски експерти, борци за граѓански права и интернет активисти одржуваат конференција во Хамбург. Ова е најголема средба на хакерската сцена во Европа.

Со повеќе од 90 говори учесниците на конференцијата до недела ќе отворат голем број технички и општествено-политички прашања. Палетата на теми е широка: од компјутерска несигурност, авторски права и кодирање на податоците, преку неопходноста за филозофија на мрежата, па се’ до можностите за избегнување на мерки на цензура на интернет.

Манифестацијата која започна вчера (27.12) се одржува под мотото „Not my department“. Организацијата „Хаос компјутер клуб“, која е организатор на четиридневната средба со ова сака да го сврти вниманието кон тенденцијата која владее кај техничарите, да не се грижат за одговорноста и консеквенциите кои ги носат со своето делување.

Конференцијата во изминатите 13 години се одржуваше во Берлин, а годинава е преместена во Хамбург, бидејќи местото каде што досега се одржуваше стана мало. Во Хамбург година присуствуваат 6.000 хакери. Портпаролката на организацијата „Хаос компјутер клуб“ Констанце Курц е задоволна од интересот: „Ова досега е најголемиот конгрес од ваков вид“, подвлекува Курц.

Курц притоа одлучно застана против ставот дека хакерите со нивното делување се наоѓаат на маргините и се движат од другата страна на легално дејствување. Оној кој пробива компјутерски мрежи и блокира интернет страници со напади со податоци, тој ја крши хакерската етика, нагласи Курц.