Кога фризурата смее да биде „откачена“? | Панорама | DW | 31.10.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кога фризурата смее да биде „откачена“?

Надин Палм е една од најдобрите стилисти во Германија. Во нејзиниот салон муштериите добиваат нормални фризури. Својата креативност таа ја изразува на голем број национални и интернационални натпревари.

Натпревари има за се’ - исто и за фризери. Еден од нив е Светскиот куп 2012 во Бангкок. Првото место го доби: Надин Палм од Баден Виртемберг стана фризер - мајстор кога имаше 21 година. Но, тоа не и беше доволно. Оттогаш Надин Палм успешно учествува на национални и меѓународни натпревари.

„Она што овде го правам се разбира е екстремен мејк - ап, претерано екстравагантен. Кога ќе дојде жирито, тие веднаш мора да кажат: Вау, тоа навистина привлекува внимание. Тоа мора да биде вистински бум“, вели Палм.

Креациите се навистина бум. Прво место на натпреварот за фризури за невести во Непал. Една година подоцна во Киев. Најдобра тренд- фризерка во Германија. Вице- светски првак во Њујорк и победничка на Светскиот куп за гала фризури во Бангкок. Кон ова се вбројуваат голем број национални титули.

Пред три години Надин Палм отвори сопствен фризерски салон во Вајнхајм. Натпреварите, покрај секојдневната работа, за неа претставуваат можност за креативно да се изрази.

Hairexpo in Australien

На натпреварите се презентираат откачени фризури

„Ако сега се погледне Јуле, треба да се појави насмевка на лицето. Таа треба да има убава, интересна фризура. Некогаш имаме 72 минути. Тогаш секој потег со раката мора да биде вистинскиот. За тоа е потребна претходна подготовка, тренинг, да се знае точно како се прави фризурата. Прекрасно е да може да се оттргнеш малку од секојдневието. Да се работи со коса во салон причинува големо задоволство, но сега сме тука, а ваква креација нема да дозволи ниту една муштерика. И затоа едноставно ми причинува задоволство да се изразам преку слободните фризури, помалку да експериментирам. Да, и да работам креативно. Мислам дека и тоа е еден вид уметност“, вели Надин Палм и дополнува дека во салонот работата изгледа сосема поинаку: „Нам ни недостасува малку волумен во горниот дел на главата. Затоа овде ќе ја скратам малку косата и на тој начин ќе постигнеме повеќе волумен“.

Миење или фенирање, трајна или фарбање. Овде во салонот има се’ како и во другите фризерски салони. Повеќето мушетрии дома си заминуваат со сосема нормални фризури - само оној кој сака добива упадлива фризура.

„Имам целосна доверба во Надин. Значи навистина ако каже: денеска ќе блондираме, тогаш го правиме тоа. Ако каже денеска ќе правиме зелени прамени, тогаш правам зелени прамени“, вели една муштерика.

Розова, зелена или црвана коса, блодинки или бринети - за Надин Палм, кога е во салон на прво место се желбите на муштериите. Она што е откачено го чува за големите бини.