1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кога старите велосипеди со коњски сили блеснуваат во нов сјај

Паул Јасперс и Хајнер Мајнерс имаат заедничко хоби - тие ги ги поправаат таканаречени велосипеди со помошен мотор. Во приватниот музеј се наоѓаат модели стари и по половина век.

Стари велосипеди, но со коњски сили - таканаречени велосипеди со помошен мотор - со нив и на 77 години Паул Јасперс патува низ родниот крај, Емсланд. Најрадо на две тркала и со двотактен мотор.

„Изирајдерот“ е во цела Германија ценет стручњак за моторизирани велосипеди - наједноставната форма на таканаречените мопеди. Со Хајнер Мајнерс имаат заедничко хоби: обајцата не само што возат олдтајмери со две тркала, туку и ги поправаат. Најголем проблем е да се најде добар мотор.

„Она што се нуди се’ е од Јапонија, јапонски отпад. Многу понуди има во интернет“, вели Паул Јасперс, мајстор за велосипеди и мотори.

„Но тоа е ништо?“

„Не, и тие не се регистрирани за користење. Инаку работат добро, но толку нерамномерно (грубо?)“, вели Јасперс.

Брза кучка, слепи кучиња - тоа е мотото на двајцата пензионери. Во работата се самоуки.

„Ако многу се занимаваш со тоа, се учи. Знаеш како стои тоа внатре, како се вади, како се поврзува. Мора само да си го работел или да се обидеш“, дополнува Хајнер Мајнерс, исто така мајстор за велосипеди и мотори.

За една недела стариот станува нов велосипед, но со помошен мотор. Во приватниот музеј на Паул Јасперс се наоѓаат речиси 40 примероци. Најстар модел е Фришауф од 1931-ва, реставриран до последен детал. Но, веројатно најпозната машина е францускиот „солекс“, марка со многу прекари.

„Чесна сестра или загревач на носот, оти моторот му беше сместен напред. Тогаш се разбира има и загревач на задникот, како што може да се види овде“, вели Мајерс.

Така може да се издржи и при свеж ветер доцна на есен. Моделот на кој седи Хајнер Мајнерс го викаат и уплав за кокошки. Така, инаку, ги означуваат и сите тие брмчала. Не без причина. Има работи, кои за среќа никогаш никогаш не се менуваат.