1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кога спортот му штети на срцето

Движењето е здраво. Но, тоа може и да му штети на телото. Воспаление на срцевиот мускул може да доведе и до смрт. Како се манифестира болеста? Како може да се заштитиме од неа? И кога спортот не е здрав?

Противниците на Урсула Хилдебрант се мали, толку мали што можат да се видат само преку микроскоп. Сепак, тие можат да убијат еден човек. Тоа се предизвикувачите на болести, кои преку крвните садови стигнуваат до срцето, таму се вгнездуваат и делумно предизвикуваат сериозни последици.

31 годишната Хилдебрант е лекарка на Факултетот за физичка култура во Келн. Таа ги третира спортистите, кои страдаат од воспаление на срцевиот мускул. Ако дојде до ова заболување, тогаш срцевиот мускул неможе да испумпува доволна количина крв низ телото на човекот.

Ursula Hildebrandt Ärztin an der Sporthochschule Köln Deutschland

Д-р Урсула Хилдебрант

„Од оваа болест во основа може секој да заболи. Како врвните спортисти така и луѓето кои по цел ден седат на кауч“, вели Урсула Хилдебрант. Меѓутоа спортистите и телесно активните луѓе се повеќе изложени на оваа опасност. Имено, до воспаление на срцевиот муслкул, миокардот, доаѓа кога луѓето почнуваат да тренираат многу рано по некоја инфекција.

Едноставни правила за заштита

Но, кога спортот преминува во опасност? Тогаш кога човекот е телесно заслабнат: Во основа секој организам е поподлежен на инфекција веднаш по спортските активности. Доколку бактериите или вирусите навлезат во телото тогаш засилено се движат низ крвта. При спортување крвта побрзо тече низ шуплините на срцето, кои се поврзени со срцевите залистоци. При спортување крвта побрзо тече низ срцето и на тој начи можно е воспаленијата во крвта да останат зад залистоците. Последица на тоа е воспаление на срцевиот мускул.

За да се избегне воспаление на миокардот најважно е да се прележи до крај секоја болест, нагласува лекарката Хилдебрант. Со спортување може да се почне најмалку два дена откако ќе помине зголемената температура, подвлекува таа. Освен тоа при бришење на носот, на марамчето не смеат да останат жолто - зелени траги, тоа е знак дека бактериите се’ уште постојат.

За Урсула Хилдебрант проблематично е тоа што предизвикувачите на воспалението на срцевиот мускул имаат различни симптоми. Тие се движат од силни акутни тегоби како болки во градите или недостиг на воздух па се’ до зголемен притисок и потење во текот на ноќта. Токму поради тоа точната дијгноза честопати доаѓа предоцна. А тоа може да биде вистинска темпирана бомба: имено ако заболено лице се изложи на физичка активност, неоткриеното воспаление на срцевиот мускул може да предизвика прекин на работата на срцето и смрт.

На 18 години ги напушти атлетските патеки

Во 2009 година германскиот атлетичар Рене Хермс беше пронајден мртов во неговиот стан. Обдукцијата покажа дека 26 годишниот Хермс имал неоткриено воспаление на срцевиот мускул. Денот кога почина претходно тренирал.

Fabian Spinrath Patient 800 Meter Läufer Herzmuskelentzündung

Фабијан Шпинрат

Истото можеше да му се случи и на Фабијан Шпинрат. Се’ започна кога овој 18 годишен атлетичар, по една трка осети голем умор: „Тоа е вообичаено, но нормално е по десет минути да се изгуби исцрпеноста. Јас спиев пет часа“, раскажува Шпинрат. Неговиот лекар му препишал антибиотици, а откако по еден и пол месец ситуацијата не се подобрила, по детален преглед ја доби дијагнозата: воспаление на срцевиот мускул. Шест месеци тој мораше да избегнува телесен напор, се возеше со лифт, наместо да оди по скали и со метро, наместо да пешачи. Да тренира воопшто не смееше. Дури по шест месеци повторно полека започна да спортува. Во меѓувреме воспалението на неговиот срцев мускул е излечено. „Доколку почнеше порано да тренира, ќе имаше трајни оштетувања на срцето“, подвлекува д-р Хилдебрант.

Таа вели дека секое заболување е случај за себе, но воглавно важи правилото подолга апстиненција од спорт и алкохол, како и долг одмор и сон.

Противниците на Урсула Хилдебрант „се микроскопски мали“, но постои заштита од нив: секоја инфекција треба да се „прележи“ и добро да се следат сигналите кои ни ги дава телото.