1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кога се’ зависи од јаболкото

Јаболкото во Македонија асоцира на Ресен. Од неговиот род и пласман зависи вкупната живејачка во Преспа. Овоштарите протестираат и молат државата да помогне. Градот е замрен. Дали Ресен е заложник на јаболкото?

default

Секој разговор во Ресен започнува и завршува со јаболкото. Разбриливо, кога во општина со околу 18 000 жители помалку од 3000 се вработени. Ресен деновиве на темепература околу нулата – среде бел ден со празни улици изгледа, како сите да го напуштиле. Ретки и замислени минувачи, млади таксисити кои барем излегуваат од дома и мислат дека печалат.Уште кафетериите профитираат и обложувалниците кадешто многу ресенци чекаат да им се насмевне среќата. Јаболкото е синоним за Преспа, во која покрај Ресен егзистираат уште 39 активни рурални населби. Пред кабинетот на градоначалникот Михаил Волканоски редица луѓе кои бараат помош од него – вработување за нив или за нивните деца. Јаболкото неизбежна тема :

Resen, Mazedonien

Ресен

„Животот во општинава е замрен. Во Ресен како вработени се водат 2740 лица ,а пред 10 години нивниот број беше над 10 000 .

Дел од населението кое не е веќе на работа излезот го гледа во обработката на земјата и производството на јаболка “ ,вели Волканоски.

Преспа мириса на јаболко

Овоштарите не знаат што да прават со богатиот род од околу 80 000 тони . Само 10 проценти се продадени. Тие протестираа и бараа Владата да им помогне:

“Тешко е, јаболката не се продаваат и сиромаштија не зафати сите. Лани не одеше, оваа не оди. Пари не земаш,а пари даваш за јаболката да дојдат на род“ вели еден повозрасен ресенчанец.

Овоштарите бараат државата интервентно да откупи околу 20 000 тони јаболко и да разговара со Албанија, Русија и Украина, преспанското јаболко да стане дел од листата на економската размена. Квалитено ресенско јаболко се продава за само 8 денари:

Resen, Mazedonien

Ресен е замрен

„ Петнаесет до 16 денари е реалната цена . Осум денари за килограм јаболко.И уште толку да се заработи, за да се покријат трошоците “.

Градоначалникот говорејќи за инвестициите спасот го гледа во брзата изградба на голем современ ладилник и дистрибутивен центар, кадешто јаболкото ќе се третира по европски стандарди и цена.

Светла точка во сивото реснеско стопанство е мешовитата прехранбена индустрија „Свислион – Aгроплод“. Во неа има швајцарски, српски и македонски капитал.Работиме успепшно вели Оливера Калунџиски.

DW праша мислат ли да го прошират бизнисот со преработка на јаболкото:

„Сопственикот планираше една голема инвестиција . Но не сигурен од постојаните превирања, инвестицијата ја стопира за некои подобри времиња.Тоа би било исплатливо , суровината е ефтина и ќе се заштеди на транспорт .“, смета Калунџиски .

Еко – туризмот буди надежи

Многу надежи се полагаат во реализацијата на „Преспа паркот “. Договорот за формирање наскоро ќе го потпишат Македонија, Албанија и Грција, се уверени во Ресен. На еко – туризмот се гледа како алтернатива.

„Тоа се селата Брајчино, Љубојно, Стење, а сега земаат замав и селата кои гравитираат до поглемите манастири како Сливница, ни потенцира Волканоски.

BdT Apfelernte in Norddeutschland

Јаболкото- „ алфа и омега“ во Преспа

Од порано најавената португалска инвестиција во туризмот сеуште ништо :

„ Што се однесува до „Аква Пура “досега инвеститорот не е јавен во општината да побара помош или да каже кога и како ќе ги гради хотелите крај езерото “, вели градоначалникот Волканоски.

На лето кога ќе дојадат иселенците Преспа живнува, на зима култуурните настани се бројат на прсти. Домот на културата сместен во некогашниот реперезентативен турски сарај зјае празен .

„Повозрасните дома покрај телевизијата, готвењето и ручеците “ ,вели една средовечна ресенчанка.

Трговијата бележи загуби . Со часови нема муштерија по дуќаните, вели една продавчка. Свесни сме, тргнуваме од себе :

„Врзуваме од месец до месец. Тешко да заштедиш денар за да си дозволиш некој луксуз .“

Кога ќе се затвори кругот, вистината е таа - Во Ресен навистина се зависи од јаболкото .

Автор : Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски