1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кога сексот станува казнив

Процесот против поранешната пејачка од групата „Но ејнџелс“ Надја Бенаиса, која заразила лице со ХИВ-вирусот, во Германија ја отвори дебатата околу законските рамки и медицинските аспекти на пренесувањето на овој вирус.

default

Поранешната пејачка од групата „Но ејнџелс“, Надја Бенаиса

Во Германија, според законот, се казнува оној кој е инфициран од ХИВ, а имал полов однос без заштита, со партнер кој не знае за тоа. Овој закон од 1988 година се‘ уште важи, објаснува Феликс Дам, адвокат за авторско право и право во медиумите: „Во моментов судовите велат дека секој кој е инфициран мора или да користи заштита, или мора да му соопшти на партнерот за тоа. Ако не постапи така, ќе биде казнет.“

Законот предвидува казна до десет години

HIV infizierte menschliche T-Zelle

Човечки клетки инфицирани со ХИВ-вирусот

Членот 224 во кривичниот законик за овој прекршок предвидува затворска казна од шест месеци до десет години. Досега во Германија се донесени повеќе такви пресуди. На пример, судот во Келн во јуни 2007 година осудил еден 38-годишен инфициран од ХИВ-вирусот на осум месеци затвор, кој заразил четири жени. На една од нив дури и’ пратил смс порака, која гласела: „Добра забава со ХИВ“. Во јули 2009 година судот во Вирцбург осуди еден диџеј, кој заразил две жени, на осум години затвор. Годинава во јуни беше осуден 47-годишен сликар од Кил, инфициран со ХИВ-вирусот, на пет години затвор.

Медицинското вештачење не е одлучувачко

Исто така и пејачката Надја Бенаиса се товари дека заразила најмалку еден партнер, со кој имала сексуален однос без заштита. Од медицински аспект едвај постои можност да се утврди директниот пат на пренесување на ХИВ-вирусот, објаснува д-р Клаудија Кихерер, раководителка на проектот за варијабилноста на ХИВ-вирусот и молекуларна епидемиологија на Институтот Роберт Кох во Берлин: „Со

Aids HIV Virus Impfung Kondom Schutz Symbolbild

Секој треба да ја преземе одговорноста и да користи кондом

анализа на потеклото може точно да се утврди дали вирусите од две различни индивидуи се сродни, но со тоа не може да се докаже правно дека едниот го инфицирал другиот. Со такви психогенетички анализи во основа не може да се утврди правецот на пренесувањето.“ Така медицинското вештачење не е одлучувачко при пресудата.

Во јавноста добро е познато дека кондомите заштитуваат од сида. Затоа во преден план треба да биде принципот на сопствена одговорност, наместо однапред да се осудува носителот на ХИВ вирусот, вели адвокатот Феликс Дам: „Сметам дека сега секој треба да се однесува одговорно, дека треба да се бара од секого да сноси одговорност и да се заштити. Ако овој вид на лична одговорност го применам и воведам и во кривичното право, тогаш ќе отпадне кривичната одговорност, оти инфицираниот нема да биде обврзан да обелодени дека е инфициран.“

Автор: Зоран Арбутина/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска