1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Кога сатирата станува политика, и обратно

Партијата PARTEI (Партија) има амбициозна цел- уште есенва да влезе во Бундестагот. Но и самото име открива дека не се работи за некоја сериозна политичка партија, туку за сатиричен проект. Сепак, успехот не е исклучен.

Веќе и самото име на партијата, Die Partei, укажува дека нејзините основачи не се многу сериозни. Особено ако притоа се земе предвид дека името е всушност акроним за Партија на трудот, правната држава, заштита на животните, поддршка на елитите и иницијатива на политичката база.

Зад Партијата стои еден од најпознатите и најконтроверзни германски сатирични магазини „Титаник“ кој во изминатите децении со своите насловни страници се врежа во колективната свест на Германците. Но, и покрај фактот што уште на прв поглед е јасно дека се работи за жестока сатира на актуелниот политички состав во Германија, Партија веќе ги бележи првите успеси. На локалните избори во северногерманскиот град Либек, Партијата освои 1,3 отсто од гласовите, а со тоа и едно советничко место. Сега Партија сака влез и во Бундестагот.

Titelbild TITANIC, Ausgabe 04, 1992

Една од најпознатите насловни страници на „Титаник“

На чело на партијата е Мартин Зоненборн, поранешен главен уредник на магазинот „Титаник“. Поврзаноста со „Титаник“ е видлива и во недостатокот на политичка коректност во настапите на партиските функционери и во предизборните акции. Младинската организација на Партија се нарекува „Хинтнерјугенд“, една брутална асоцијација на подмладокот на нацистите „Хитлерјугенд“, иако од партијата тврдат дека тоа нема никаква врска со Хитлер, туку со генералниот секретар на нивната партија кој се презива Хинтнер.

Борба за промени

Иако провокациите и шегите им се на прво место, Партија сепак успеа да предизвика некои сериозни промени во германскиот политички спектар. Откако изборните власти во 2009. година им ја одбија пријавата за учество на парламентарните избори, од Партија поднесоа тужба до Уставниот суд. Но, тогашниот закон предвидуваше одлучување дури по завршувањето на изборите, поради што многу мали партии беа исклучени од процесот. Минатата година Бундестагот го промени овој закон со што помалите партии сега имаат право на

Martin Sonneborn Die Partei Archiv 2004

Мартин Зоненборн

разгледување на нивните жалби сѐ до самиот почеток на изборниот процес.

Сепак, останува прашањето зошто некој би гласал за партија чија единствена цел е да се потсмева со целиот процес? Одговор на тоа дава познатата хамбуршка уметничка Беа Винклер, која и самата често се ангажира во работата на Партијата.

„Работата е јасна: кога политиката сѐ повеќе наликува на сатира, време е и вистинската сатира да влезе во политиката“, вели таа.