1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кога политичарите ги критикуваат граѓаните...

default

Кога политичарите од опозицијата ги критикуваат оние на власт, па дури и кога обичните граѓани во преносна смисла “фрлаат дрвја и камења“ по владата – тоа е составен дел на демократијата. Но, кога политичарите од власта ќе почнат да ги критикуваат, па дури и да ги караат граѓаните – е тогаш се случува нешто невообичаено. Во Германија деновиве се случи прво претседателот на државата Хорст Келер да се дрзне да им каже на сограѓаните од источните покраини дека е неосновано очекувањето државата да ги спаси од полошиот животен стандард во однос на оние од западните покраини. Не поминаа многу денови, кога и канцеларот Герхард Шредер им префрли на Германците дека длабоко се до средната класа во општеството сите гледаат како да отргнат што е можно повеќе од социјалните давачки на државата. Бурата во јаавното мнение беше се разбира голема.

Желбата да се искористат сите можни социјални давачки – тоа е менталитетот на Германците. Оваа појава е раширена како кај источните, така и кај западните Германци – посочи канцеларот во едно интервју. Нему особено му пречи што неговите сограѓани ги користат социјалните давачки, иако во семејството има доволни примања. Такво нешто на подолг рок не може да си дозволи ни една социјална држава:

“Ако некој сака да добие некоја помош финансирана од данокот, тогаш сакаме да му помогнеме, ако таа навистина му треба. Но, ако не му треба, бидејќи во семејството има некој со примања од работен однос, тогаш сметам дека таквите лица немаат право на социјална помош и давачки.“

За ваквата шлаканица канцеларот пожнеа многу критики, но и поддршка во јавноста. Најмногу му се префрла дека неправедно ги напаѓа оние со помали и средни примања. “Шредер ги навредува оние, кои ионака спаѓаат меѓу губитниците на ова општество“ - порача еден соработник на хуманитарната организација Каритас. Шефот н Здружението на германските синдикати, Михаел Зомер, пак на изјавата на канцеларот и спротистави податоци за големиот број Германци, кои не бараат социјална помош иако би имале дури право на неа. Студиите на социјалните установи навистина дојдоа до заклучок дека има и одреден број злоупотреби, но исто така дека на еден примател на социјална помош доаѓа по уште еден кој има право на тоа, но не ја бара.

И дел од сопартијците на Шредер критизираа дека критиката на канцеларот е премногу паушална и дека само ги навредува граѓаните. Други членови на владеачките социјалдемократи пак се сложија со забелешката на Шредер.

Од опозицијата дојдоа критики на изјавата. Шефот на Либералите, Гидо Вестервеле му порача на канцеларот дека самиот е виновен за таквиот развој, бидејќи црвено-зелената влада во берлин со високите даночни стапки ја става раката предлабоко во џебот на граѓаните. Експертот за социјални прашања на христијанско социјалната Унија Хорст Зеехофер порача дека злоупотребата не може да се ограничи само на пониските и средните слоеви. А генералниот секретар на Каритас Георг Кремер потести на големите проневери и даночни затајувања кај богатите и кај Германците на висока положба, кои државата ја чинат многу повеќе.