1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кога позитивното е негативно...

Една од најголемите опасности во спорт е допингот или употребата на недозволени стимулативни средства. Нивно користењето носи врвни спортски резултати, но гревот се плаќа подоцна, кога се јавуваат здравствени проблеми.

Погрешно е допингот да го врзуваме со нашата сегашност и блиско минато. Човекот од памтивек барал стимулативни средства за да ги надмине своите природни можности. Ацтеките го јаделе човечкото срце за да ја преземат силата на неговиот сопственик, за време на античките Олимписки игри учесниците конзумирале различни видови габи за да ги подобрат перформансите, а денес спортските лаборатории со многу софистицирани методи произведуваат супстанции што ги зголемуваат физичките можности на поединецот.

Допингот во Македонија

Во Македонија допинг средствата се релативно достапни. „Доппингот е застапен во сите спортови, иако до сега беа отркиени случаи само во фудбалот. Сепак, мислам дека допинг средствата најмногу се застапени во фитнес клубовите. Највеќе се користат анаболици и стимуланси на централниот нервен систем”, вели доцент доктор Зоран Ханџиски, претседател на Здравствената комисија на Македонскиот олимписки комитет.

Zoran Handziski Arzt Mitglied der Anti-Doping-Komission in Mazedonien

Зоран Ханџиски

Од огромна важност е да се одбере вистинското време за контрола, проверка на чистота и превенција. „Допинг контролата редовно се одвива кај фудбалерите, а минатата година извршивме допинг контроли на 10 спортисти од други спортови во процедура ’out of competition’ за првпат во Македонија. Оваа година, како и пред две години пред Олимпијадата во Ванкувер, извршивме допниг контроли и на сите наши спортисти-учесници на Олимпијадата во Лондон. Се надевам дека во наредниот период  ќе се зголеми бројот на контролите, што зависи од издвоените средства од страна на државата. Мислам дека средставата не се големи, земајќи ги ефектите кои ќе се постигнат. Сепак, освен едукацијата која очигледно е се’уште суштински далеку од нас, допинг контролите остануваат можеби поефективниот дел во овој момент”, објаснува Ханџиски.

Едукацијата во клубовите и спортските сојузи во Македонија е недоволна. Раководството и играчите, не се запознаени, ниту информирани со злото во спортот. Пример за некомпетентоста и неупатеноста е последниот случај со ФК Работнички, каде конзумираната пилула од Црната листа на УЕФА и ФИФА – предизвика хаос во лекарскиот тим. Мега допинг скандал кој ФИФА не го простува, а во Македонија се случил токму од неинформираност.

Потребна е повисока свест

Главниот проблем е во несигурноста на спортистите. Ретко кој би се нафатил да се тестира. Спортистите би направиле се’ да се изборат да не бидат тестирани, преку пријатели и познаници, да издејствуваат да го одбегнат тестот. Мал е бројот на спортистите кои се запознаени со содржината на состојките што условно би ги конзумирале. Во основа, постојат два вида на корисници: едни, кои во потрага по спортската слава би жртвувале се’, па дури и сопственото здравје и живот (па свесно се допингуваат), и вторите, кои се жртви на некакви колективни, клупски или национални интереси и на некој начин се несвесно се допингувани.

„Согласно допинг кодот, во кој се нагласува аксиомата дека на крај, независно како се земени забранетите средства, конзументот-спортист одговара за она што го зема, познавањето на проблематиката е од суштинско значење. Потребни се поинакви пристапи во процесите на едукација, каде можеби би се превземале и условни, казнени или рестриктивни методи од страна на Федерациите, односно Агеницјата за спорт и млади, но сепак, за сите актери во врвниот спорт (спортисти, тренери, доктори, спонзори) ова треба да е веќе однапред научена лекција”, се надоврзува Ханџиски.

Фармацевтска манипулација

Фармацевтската маниплуација ја отежнува процедурата на откривање на допинг средствата и методите за кратко може да бидат променети благодарение на хемиската манипулација.

Хемиската и физикална манипулација подразбира употреба на средства и методи кои ја менуваат или можат да ја менуваат вредноста на составот на урината кои се користат во контролата на допингот. Манипулацијата вклучува катетеризација, замена на примероци на урина, одложување на екскрацијата. Овој проблем, покрај генетскиот допинг, ја мачи Светската анти допинг асоцијација. Секое 5-то кутивче од извесен суплемент на кој во декларацијата не постои забранета супстанца е инфицирано со анаболик или стиумуланс.

Anti Doping Labor Clenbuterol

Тешко е да се заузда фармацевтската манипулација

Ханџиски објаснува: „Не можете да ја натерате моќната фармацевтска индустрија на секое кутивче да пишува ’free doping’ ако се знае дека тоа значајно ќе им го поскапи производствениот процес, а како единствено трајно решение на проблемот. Од друга страна, се отвара и научниот проблем за тоа дали субелементите и кои од нив ја зголемуваат спортската изведба, односно имаат ергоген ефект. Доаѓаме до клучниот проблем, а тоа е дека на врниот спорт во Македонија му требаат стручни и компетентни доктори, тренери и спортски менаџери. Сепак, изгледа дека едукацијата ќе мора да почне со оние кои ги даваат парите, независно дали е тоа државата, градот или приватните компании.“

Неодамна во организација на националната комисија при Агенцијата за млади и спорт, во просториите на градското собрание во Скопје, се одржал семинар на тема: Допингот во спортот, на кој за жал посетеноста била мала. Едукацијата е подолг и потежок пат кој бара трпение, но тој е ефикасен во однос на потребата на луѓето за инстант производ со кој сакаат да победат или да се збогатат.

„Не може стоматолог, гинеколог или хирург да ги менаџира здраствените проблеми во спортот. За тоа говорев на семинарот како еден од суштинските проблеми. Специјалистите по спортска медицина треба да си ги преземат челните места во здраствените комисии во Агеницјата за спорт и млади како и во националните федерации. За жал, и во овој важен стручен и експертски дел од работата, постои нашиот суштински државен проблем-некомпетентност. Политички или на било кој друг начин се поставуваат некомпетени лица-доктори. Направете едно истражување па ќе видите кој се е претстедател на Здраствени комисии при Агенцијата за спорт и едукација и националните федерации во Македонија“, завршува Зоран Ханџиски.

Logo der welt-anti-doping-agentur WADA

  Претседателот на Светската анти допинг агенција (WADA), Канаѓанецот Дик Паунд, чиј мандат истече со заминувањето на 2007, загрижувачки изјавил: „Допингот е толку комплексен и развиен, што полесно е да се допушти отколку да се бориш со него.“

Листата на Светската анти допинг агенција (WADA) се проширува годишно, што значи дека многу високософистицирани лаборатории работат на креирање и производство на нови недозволени стимуланси. Се чини дека се ловат корисниците и дилерите, а наркобосовите непречено си ја вршат својата работа.Се чини дека грижата за здравјето на спортистите има сериозен противник во грижата за профитот. Како поинаку да се објасни фактот што најголемиот светски спортски бизнис наречен НБА, се уште не воведува анти-допинг контрола.