1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кога Македонија ќе избира европарламентарци?

Во земјата со внимание се следеа резултатите од изборите за Европскиот парламент. Новите парламентарци ќе треба да усвојат и мислење за визна либерализација.

default

Резултатите од изборите за Европскиот парламент беа медиумска топ-тема во Македонија, но пропаднаа обидите на евроамбасадорот Ерван Фуере да организира телевизиски линк на заедничко следење на конечните ефекти од гласањето. Инфоцентарот на Европската унија во Скопје беше полупразен, без амбасадорите од земјите-членки, немаше ниту домашни политички или јавни личности. Ирскиот дипломат е задоволен од одѕивот на своите сограѓани, откако Ирците неодамна кажаа „не“ за референдумот за Лисабонската декларација. На прашањето кога Македонија ќе избира европарламентарци, ЕУ амбасадорот Фуере одговори:

Deutschland EU Wahlen zu Europaparlament Plakat

Кога Македонија ќе се вклучи во европските избори?

„Ќе биде потребно определено време, но во овој момент Македонија солидно работи. Клучниот момент е внатрешно-политичкиот дијалог и да се обезбеди континуитет на консензусот за членство во Европската унија и напорните законски промени.“

Победата на десните сили-добар знак?

Победата на десните сили, со кои ВМРО-ДПМНЕ соработува во рамките на Европската унија, е добар знак за премиерот Груевски.

„Се очекува дека во повеќето земји ќе победат партиите што се десно од центарот и дека тие ќе формираат мнозинство во Европскиот парламент и јас мислам дека тоа би било добро.“

Оптимистичко сценарио за влез на Македонија во Европската унија би бил 2017 година кога би можеле да се изберат европарламентарците од државата, вели Лидија Димова, аналитичар:

„Песимистичкото сценарио би било, бидејќи ЦДУ водат во Германија, а уште од пред две години веќе забележавме дека тие имаат иницијатива како да се дистанцираат од западен Балкан, дека тие можат поприлично да го блокираат процесот. Сега може да им се придружат и Холанѓаните, така што тоа песимистичко сценарио може поприлично да се одолговечи.“

ЕП ќе треба да ја заврши визната либерализација

Боби Христов, новинар во Алсат, мултиетничка телевизија во Скопје, истакнува:

Skope,GTC

Очекување за визна либерализација

„Западниот Балкан, генерално, не е проблем за Унијата колку што е проблем Турција. Во случај на неуспех на Лисабонскиот договор, навистина проширувањето ќе биде доведено во прашање.“

Тој мисли дека новиот Европарламент не би требало да ја закочи либерализацијата на визниот режим за македонските граѓани.

„Следниот Европски парламент по логиката на нештата ќе треба да ја заврши таа работа, најверојатно сега оптимистичката варијанта би била некаде јуни 2010 година“, оцени синоќа (07.06.2009) новинарот Боби Христов, додека во Евро-инфо центарот во Скопје се следеа резултатите од изборите за новиот Европарламент.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска