1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кога зборовите не се доволни

Обединети нации - место на кое се раѓаат визии за подобар свет. Истовремено, тоа е место каде често доаѓа до апсурдни настани и говори. Потсетуваме на неколку од нив.

default

Никита Хрушчов и неговиот жесток говор

Се` започна пред речиси 65 години. Во јануари 1945 година свежоизбраниот претседател на првото Генералнот собрание на ОН, Пол Анри Спак, говореше пред делегатите. Тогаш беа многу помалку од денес, вкупно 51 држава-основач се собраа на првата генерална дебата во Лондон.

Во меѓувреме, бројот на земји-членки се зголеми на 192, а од 1951 година седиштето на ОН е во Њујорк. На говорницата пред зелениот мермер говореле голем број државници, кралицата, папата...

Секој септември во Њујорк се среќаваат највисоките државници од целиот свет. Годинешното заседание го води поранешниот швајцарски министер за економија и надворешни работи, Јозеф Дајс.

Hugo Chavez Venezuela

Чавез го нарече американскиот претседател Буш - „ѓаволот“

„Ѓаволот е меѓу нас“

Во седиштето на ОН биле изнесени многу визии, закани, но и многу предупредувања, како ова од Џон Кенеди:

„Човештвото мора да им стави крај на војните, или тие ќе му стават крај на човештвото. Тоа или ќе расте и ќе се справува со предизвиците на нашето време, или ќе им подлегне на ветриштата и ќе остане без никакво влијание, моќ и почит.“

Други, пак, не се ограничија само на говорење, за целосно да ги изразат своите ставови. Никита Хрушчов за време на говорот во 1960 година го собу чевелот и почна да тропа со него по говорницата.

Јасер Арафат, еден од најголемите палестински државници и херои, за време на дебатата околу палестинските области во 1974 година, пред аудотироиумот во ОН се појави со палестинска шамија и пиштол на појасот.

Уште еден момент, кој ќе остане во сеќавање, е говорот на венецуелскиот претседател Хуго Чавез. Пред зелениот мермер во салата на Генералното собрание тој рече:

„Ѓаволот е во зградава, вистинскиот ѓавол. А вчера тој беше овде“, притоа мислејќи на тогашниот американски претседател Џорџ Буш.

Gaddafi vor UN-Vollversammlung

Прв говор на Гадафи пред Генералното собрание на ОН

Еднаш во 40 години, ама...

Минатата година, пак, пред делегатите на ОН говореше либискиот претседател Моамер Гадафи, првпат по неговото доаѓање на власт пред 40 години. Неговиот говор траеше толку долго, како да сакаше да го надополни загубеното од изминатите години. Повеќе од час и половина Гадафи ги критикуваше ОН, буквално ја плукаше Повелбата за човековите права, а Советот за безбедност го нарече „терористички совет“.

Омилената тема на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, пак, е антисемитизмот. Неговите говори во ОН се најчесто насочени против Евреите, поради што голем број делегати обично ја напуштаат салата.

По ваквите говори, човек копнее по мудри зборови, како тие на Вили Брант: „Разумот ќе победи, доколку еден ден сите држави и региони заеднички живеат и работат, според принципите на ОН“, велеше тој.

Автор: Лена Бодевајн / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска