1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кога гулабите полетуваат

Воочи Франкфуртскиот саем на книгата беше доделена престижната награда за роман на годината на германски јазик. Годинешен добитник е Швајцарката Мелинда Наѓ Абонји која има унгарски корени и потекнува од Србија.

default

Мелинда Наѓ Абонји

„Мислев дека паѓа дожд, Но тоа се моите очи кои солзат“. Овие стихови од една унгарска песна спонтано ги искористи Мелинда Наѓ Абонји во говорот во кој се заблагодари за наградата која ја доделува здружението на германските книжари.

„Едноставно сум воодушевена: Не се надевав дека ќе ја добијам наградата. Не знам што ме чека сега, но знам дека едноставно сум многу возбудена“.

Deutscher Buchpreis 2010 - Melinda Nadj Abonji

Мелинда Наѓ Абонји за време на говорот по доделувањето на наградата

Инспирација од семејната приказна

Мелинда Наѓ Абонји е родена во унгарско семејство во 1968 во Војводина, а во 1974 година им се придружи на нејзините родители кои емигрираа во Швајцарија. Во нејзниот роман „Гулабите полетуваат“ таа ја раскажува приказната на сопствената миграција. Романот говори за едно унгарско семејство кое емигрира од Југославија и сака да изгради нов поубав живот во Швајцарија. Тоа меѓутоа за соседите Швајцарци останува „оние од Југославија“, додека пак за Југословените во Швајцарија тие се Унгарци.

Cover Tauben fliegen auf

Насловната страница на романот „Гулабите полетуваат“

Живот меѓу јазици и култури

„ Извонредното во романот е тоа што политичкото и приватното се раскажува на комплексен начин со еден многу поетски јазик“, истакна Јулиа Енке, портпарол на Наградата за најдобар роман на годината. „ Гулабите полетуваат“ фрла еден потресен поглед на луѓето кои живеат меѓу различни култури и јазици. Наѓ Абонји е шести добитник на наградата за најдобар роман на годината на германски јазик, која важи за престижен проект на германската литературна бранша. Нејзината цел е да се промовира, особено во странство, новата литература на германски јазик.

Автор: Ајгил Чизмечиоглу/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска