1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кога градот прераснува во спортско игралиште

Животна филозофија или само еден вид спортска активност? Паркур движењето од екстремен спорт за храбрите прерасна во тренд кој може да се види на улиците во Германија.

„Паркур за мене е компензација за училиштето“.

„Од една страна животна филозофија, од друга страна брз начин на движење“.

„Паркур за мене конечно значи слобода, пред се’ во еден голем град“.

Хендрик Јаковлев е еден од основачите на групата „Паркур Бремен“. По професија е медиумски работник и мора многу да седи. Овде на брегот на реката Везер во стариот град заедно со пријателите празнат енергија. За другите тоа се пречки, но за нив се спортски предизвици. „Паркур во крајна линија значи развој на сопственото тело и себе самиот. Се поставуваш пред нови пречки, пред сопствените граници, телесни и умствени“, подвлекува Јаковлев.

Сето започна со двајца тројца членови. Во меѓувреме сцената во Бремен брои 30 до 50 т.н. „одбележувачи на трагите“. „Тоа во крајна линија е постепена работа за самиот себеси да се развиваш понатаму и исто така да го надминеш бунтовникот во себе“.

Во групата припаѓа и Иван. Кога младиот Русин пред две години дојде во Бремен им се приклучи на паркуристите и од тогаш е тајната ѕвезда. Во Русија тој десет години бил гимнастичар, врвен спортист. Идеални предуслови за еден паркурист.

„Опасно е всушност ова? Какви повреди си имал досега? “ „Не не сум имал“, одговара Иван. „Досега не си се повредил при вежбање? „Само малку“, вели младиот Русин.

За да ги надмине сопствените граници, тој не тренира само на улица.

„Мора на пример во сала да се тренира салто наназад. Со Мартин и со другите луѓе, така тие можат да помогнат. Тоа оди чекор по чекор“, подвлекува Иван.

Паркур движењето своите почетоци ги има во 80-те години во Франција. Од екстремен спорт за храбрите се претвори во тренд ширум светот.

Во некои училишта во Германија паркурот веќе е дел од наставата по физичко воспитување. Притоа тие не се интересираат за натпревари, многу повеќе станува збор за чувството да може да се надминат пречките.