1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кога американскиот сон станува ноќна мора

Повеќе од десет илјади луѓе од Централна Америка се обидуваат секоја година да влезат во САД преку Мексико. Многумина од нив притоа страдаат како жртви на грабежи, уцени или се грабнувани од нарко-картели.

default

Американскиот сон исчезнува кога мигрантите ќе бидат грабнати од нарко-картелите

Во моментов безброј луѓе се водат како исчезнати. Поради тоа мајките на 33 исчезнати мигранти неодамна презедоа сопствена акција и тргнаа со караван преку територијата на Мексико за да привлечат внимание на судбината на своите деца.

„Воз на смртта“ го нарекуваат железничкиот пат кој преку Мексико води кон САД. На кровот на товарниот воз вообичаено има стотина мигранти, главно од сиромашните земји на Средна Америка. Неколку десетици илјади од нив секоја година патуваат кон северот во надеж дека ќе им се оствари американскиот сон. Силвија Рамона Ортиз од Никарагва нема слушнато ништо за својот син Јохансон од месец јули. Последниот пат и’ се јавил од Мексико.

Bürgerwehr an der Grenze zwischen USA und Mexiko

Мајките на 32-те исчезнати лица бараат помош од мексиканската влада и се надеваат дека нивните деца се живи

„Замина со својот пријател Нелсон. Но, двајцата исчезнаа. Срцето ми вели дека е жив. Само сакам да ми се јави за да се смирам“, вели Силвија која со уште 32 мајки патува низ Мексико во караванот на надешта, но и на вознемиреноста. Мајките околу врат ги носат фотографиите на своите исчезнати деца.

Рубен Фигуероа од „Мовименто мигранте“ – движењето на мигрантите, им помага на сиромашните бегалци кои од југот доаѓаат во Мексико. Тој самиот учествувал во организацијата на караванот.

„За мигрантите кои минуваат низ Мексико ’американскиот сон’ брзо станува ноќна мора. Некои се киднапирани, други силувани или едноставно убиени“, нагласува Фигуероа.

Барања на мигрантите да им се овозможи легално да патуваат низ Мексико

За трговците со луѓе или, пак, за мексиканските нарко-картели мигрантите се лесни жртви. Тие патуваат илегално и немаат никакви права. Некој кој има малку среќа, тој својата заштита ќе ја плати со пари. Нарко-картелите ги присилуваат луѓето да префрлаат дрога преку граница. Кој ќе се спротистави на тоа, го доведува својот живот во опасност. Пред една година во близина на американската граница се убиени 72 лица, бидејќи не сакале да соработуваат со нарко-картелите.

Illegale Migranten USA

Мексиканските мигранти кои нема да завршат во рацете на нарко бандите, се откриваат од американските власти

„Бараме од мексиканската влада да им издаде на мигрантите дозвола, за тие да можат легално да минуваат преку територијата на Мексико. Тогаш не би морале да го прават тоа тајно и би биле подобро заштитени“, вели Рубен Фигуероа.

Политичките барања се една работа, а реалноста нешто сосема друго. Силвија Рамона Ортиз се надева дека карванот со мајките сепак можеби ќе дојде до некои информации за исчезнатите.

„Би сакала што било да слушнам за мојот син. Верувам во Господ и се надевам дека син ми ќе ми се јави, се’ едно каде е. Се надевам дека мексиканската влада ќе ни каже што се случило, дали е мртов или е во затвор или... Се надевам дека ќе ни помогне“, вели Силвија Рамона Ортиз.

Автор: Мартин Полански/ Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска