1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Книжевните преведувачи се’ позапоставени!

Без преведувачите голем број книжевници би останале познати само на тесен круг читатели и не би стекнале светска слава. Но сепак, преведувачите се´ почесто се запоставуваат, а неретко нивното име и се заборава.

default

Збор по збор преводот се појавува на платното за проекции. Посетителите будно го следат секој збор на преведувачката која седи пред публиката и преведува текст од германски на англиски јазик. Наспроти фактот дека книжевните преведувачи на бројните случувања завземаат споредни места, со право ја заслужуваат титулата „ културни посредници.”

„ Без нивната работа бројни дела на светската книжевност би останале неоткриени“, вели Уве Хеје, претставник на Сојузното министерство за надворешни работи додавајќи дека книжевните преводи се „ од непроценлива вредност“ за културната дипломатија.

Лошо платена работа

Veranstaltung für Übersetzer auf der Frankfurter Buchmesse 2011

Германските книжевни преведувачи оддржуваат редовни средби како оваа (фото) на годинешниот саем на книгата во Франкфурт

Иако преводите на бројните случувања, па дури и на оние големите, како што се саемите на книгите, ја сочинуваат срцевината на светската литература, преведувачите често биваат запоставени. Во повеќето случаи преведувачите не се ниту поканети на претставувањето на некоја преведена книга, се жали Холгер Фок, член на Сојузот на германските преведувачи. Текстовите обично ги читаат глумци при што се заборава да се спомене авторот на преводот. „Тешко преминувам преку тоа”, признава Холгер Фок. Тој знае со месеци да работи на преводот на некој текст.

Со цел светот на книжевноста да биде посвесен за креативната работа на преведувачот, Сојузот на германските преведувачи на саемите на книгите на сопствениот штанд јавноста ја запознава со свежите преводи на светската книжевност. Тука може да се дознае дека работата на преведувачот е и лошо платена.

ЕУ не се грижи доволно за книжевните преведувачи

Антје Контиус од европската преведувачка мрежа „Традуки” многу добро е запознаена со проблемите на финансиската поддршка на преведувачите. „Традуки” ги помага преводите од подрачјата на источна Европа и за источна Европа. Всушност така се и објавени повеќе од 500 наслови. Контиус смета дека Европската унија премалку пари издвојува за книжевните преведувачи.

Европската унија нема своја преведувачка програма, додава Холгер Фок.

 „ Јазиците ја сочинуваат сржта на Европската унија, а со романите ја отвораме вратата на европските општества”, нагласува тој.

На натпреварите за пари од Европската унија книжевните преводи често конкурираат со културните проекти од подрачјето на танцот и тетарот.

„ Брисел со задоволство финансира разни настани, но за книгата тешко покажува добра волја”, заклучува Фок.

Автор: Надине Војцик / Светлана Брик

Редактор: Симе Недевски