1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Книга полна со „валкани алишта”

Во продажба излезе книгата на Тео Цванцигер, кој осум години беше претседател на германскиот фудбалски сојуз. Во книгата тој обелоденува пикантни детали од неговиот мандат.

Помина нецела година, откако Тео Цванцигер му го препушти кормилото на германскиот фудбалски сојуз на наследникот Волфганг Нирзбах, а од печат излезе книгата во која поранешниот шеф „ги пере валканите алишта на германскиот фудбал.” Во својата автобиографија „Годините на Цванцигер“, „Die Zwanziger jahre”, која во насловот си поигрува со значењето на неговото презиме, (цванциг-20 години колку што се задржа во бундеслигата), поранешниот функционер ги фали но и ги напаѓа своите пријатели и поранешни колеги, од Јирген Клинсман, преку претседателот на Бајерн, Ули Хенес до својот наследник Нирзбах.

Оние кои имале можност да ја прочитаат книгата пред официјално да биде пуштена во продажба се изненадени и згрозени од индискрецијата на поранешниот претседател на германскиот фудбалски сојуз кој секогаш се претставувал како човек од договор и компромис, а не како конфликтна личност.

Разговори од машки тоалет

Рецензентите признаваат дека на 327-те страници, на реторички вештиот правник, може да се прочитаат занимливи четива од кои се дознаваат деталите од приватниот живот на некогашните најмоќни луѓе од германскиот фудбал. На

Uli Hoeneß

Ули Хенес

пример за неговото детство и растење без татко, кој починал уште пред Цванцигер да се роди. Она што ги интересира љубителите на фудбалот сигурно се анегдотите и епизодите од последните 20 години во неговиот живот и кариерата како висок спортски функционер. За нив, тврди Цванцигер, се подготвил со искуството од политичкиот паркет. Пред да почне да ги влече главните конци во германскиот фудбалски сојуз, тој бил политичар во Христијанско-демократската Унија. Љубителите на фудбалот со голем интерес ќе сакаат да прочитаат и дека победата за претседател на фудбалскиот сојуз на Германија, со Герхард Мајер Ворфелдер во 2004-та година ја добил – во машки тоалет. Веста за победата во битката, му ја соопштил фудбалскиот великан Франц Бекенбауер.

Чиста индискреција

Поранешниот претседател на германскиот фудбалски сојуз ја разоткрива вистината за сите шпекулации во кулоарите. Информацијата дека Клинсман веднаш по лошиот старт во 2006 та, за време на Светското првенство во Германија, требало да биде сменет од селекторската функција и на негово место да биде назначен Матијас Замер. Тоа денес звучи повеќе забавно, отколку драматично, особено ако се знае дека Германија на турнирот заврши како третопласирана. Но ретко кој во германската јавност гледа со хумор на вербалните напади кој Цванцигер ги упатува кон моќниот претседател на Бајерн, Ули Хенес. Тој раскажува дека бил многу разочаран од неговото влијание врз меѓународната фудбалска сцена со изјави од типот „Зошто да се возбудуваме, кога и онака сите сe корумпирани”.

Хенес на тој напад, возврати жестоко преку медиумите: „Одамна знаев дека Цванцигер е лош претседател. Оваа книга ќе го однесе во тотална изолација“.

Шефот на управата на Бајерн, Карл Хајнц Румениге е поблаг во критиката, но не е изненаден:

Start der Fußball Frauen WM Flash-Galerie Jürgen Klinsmann

Јирген Клинсман требало да биде отпуштен за време на СП во 2006.

„Не знам зошто воопшто се објавуваат вакви работи. Тоа е чиста индискреција. Сметам дека еден претседател на германската фудбалска федерација секогаш мора со стил и ниво да ја задржи својата дискреција”.

Пукнатини на фасадата

Без никаква дискреција, Цванцигер го критикува и неговиот наследник Волфганг Нирзбах. За него вели дека го интересира единствено фудбалскиот бизнис и дека премалку внимание посветува на социјалните и политичките аспекти од работата на германскиот фудбалски сојуз. Го обвинува дека ја пропуштил можноста на Европското првенство во Полска и Украина, на средбата со украинската опозиција да испрати јасна политичка порака за украинскиот врв и дека посетата на Аушвиц, на фудбалската репрезентација на Германија била симболична и пребрза.

Во централата на германскиот фудбалски сојуз во Франкфурт, вработените се чудат и вртат со главите на ваквите испади на нивниот поранешен шеф.

Цвангигер со својата книга ги покажа „доблестите“ на германскиот фудбал, кој во јавноста е прикажан како клуб на фини господа кои на професионално ниво ги одработуваат своите задачи, а се претставени како нетрпеливи, со огромна желба за моќ и „валкани работи”. Интересно е како ќе продолжи кариерата на Цванцигер. Тој, имено, сеуште на меѓународната сцена ги застапува интересите на германскиот фудбал и на сите актери кои ги напаѓа во својата книга.

Германската јавност дава разни толкувања за оваа (рана и несоодветна) постапка на поранешниот претседател на германскиот фудбалски сојуз со неговите поранешни колеги. Едни велат дека станува збор за добро смислена маркетинг стратегија, која би донела поголема продажба на книгата, а други за повредена гордост на човек кој ја изгубил својата моќ.

Поврзана содржина