1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Книга на иднината

Електронските изданија на книгите будат се‘ поголем интерес. Насекаде се раскажува за иднината на овој медиум и можностите на пазарот. Сепак, желбите се едно, реалноста друго.

default

Нов тренд кај книгите

Книгата на иднината е „апп“ (апликација), мала програма која може да се активира на мобилниот телефон. Во најмала рака, ова е една од опциите кои во моментов се присутни на пазарот. Точно за време на неодамна завршениот Франкфуртски саем на книгата издавачот Кипенхоер и Бич го претстави својот нов вид книга- „епедио“. Технички гледано, се работи за „апп“ кој е направен за таблет компјутер, како Ајпед.

Новоста е што читателот може преку него да избира различни начини за објаснување на одделни теми. Така, може да се добие одговор во вид на текст или видео, на располагање се и графики.

Frankfurter Buchmesse E-Books Dossierbild 3

Шансата е во мултимедијалните содржини

Веќе со години и на Франкфуртскиот саем на книгата се зборува за победоносниот поход на електронските книги, т.н. е-букс. Директорот на саемот Јирген Бос шансата за новиот пазар ја гледа во мултимедијалните содржини кои ја надополнуваат електронската книга. Иднината, барем на зборови, е веќе тука.

Но, Германија сепак заостанува. Уделот електронски книги на пазарот е се‘ уште под еден процент. За споредба- во САД во текот на 2010 година достигна 5,8 проценти. Авторот и специјалист за електронски изданија на книги, Холгер Елинг смета меѓутоа дека не треба да се крева тревога. Читателите во Германија не мора да мислат дека се заостанати.

„Се‘ она што во моментов се продава со звучни зборови како ’креатив ворк експертс, или трансмедијални стории’, всушност е измислување топла вода“, тврди тој.

Развој на електронските уреди за читање-предуслов

Просечниот читател на електронски книги во САД, смета Елинг, чита крими романи или забавна литература. Елинг верува дека и во Германија сегментот забавна литература има иднина во електронските изданија. Важна улога притоа игра развојот посебни електронски уреди за читање. Новите преносни компјутери, таблетите, се и повеќе од тоа, што за него е сигурна предност:

Die Zukunft des Buches: epedio Rangas Welt

Новиот „епедио“

„Не можам да замислам дека во иднина би требало да тргнам на пат со куп апарати со мене-мобилен телефон, апарат за читање електронски книги, лаптот компјутер“.

Издавачката куќа Бастел Либе така подготви нов вид книга, „Вебновела“, која може да се користи на сите електронски уреди кои имаат опција за читање книги. Поголемиот дел од издавачките куќи засега „возат на два колосека“. И натаму печатат класични книги на хартија и експериментираат со новите електронски формати. Според аналитичарите, важно е дали издавачите ќе успеат да ја одбранат својата позиција на посредник меѓу авторите и читателите или неа на крај ќе ја преземат онлајн порталите како Амазон.

Автор: Габриела Шаф/ Жана Ацеска

Редактор: Горан Чутаноски