1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Клуч за Гвантанамо

Новиот американски претседател, Барак Обама, по само два дена на власт носи уште една голема одлука - за една година да се затвори контроверзниот затвор во Гвантанамо на Куба. Оптимизмот се враќа во Америка.

default

Затворање на затворот во Гвантанамо беше предизборно ветување

Американскиот претседател Барак Обама денеска треба да ja потпише уредбата со која се бара во рок од една година да му се стави клуч на затворот во Гвантанамо. Според нацрт предлогот до кој дојде агенцијата „Ројтерс“, новата администрација во Вашингтон веднаш ќе ги преиспита постапките за преостанатите затвореници, како и нивниот статус. „Сите оние на коишто се однесува уредбата, а сеуште се во затворот во Гвантанамо, ќе бидат вратени во земјата од која потекнуваат, ослободени или префрлени во некоја трета земја или во друга притворска единица во САД“, пишува во нацртот.

Обама уште на првиот ден од стапувањето на должноста, нареди сите судски случаи во воениот трибунал во базата на Куба да се замрзнат на три месеци. Меѓу нив се и случаите на изречени смртни казни за петтемина затвореници кои се обвинети дека учествувале во организирањето на нападите во САД од 2001 година. Во затворот во моментов се наоѓаат 245 лица, а од почетокот на 2002 година таму беа затворени над 800 лица.

Обама уште за време на предизборната кампања вети дека ќе го затвори контроверзниот затвор кој се смета за црна дамка на Америка во однос на почитување на човековите права и симбол на злоставување на затворениците и држење на луѓе без обвинение, во време на администрацијата на претходниот претседател Џорџ Буш.

Reise Präsidentschaftskandidat Barack Obama im Irak

Обама беше во Ирак во 2008 за време на предизборната кампања

На ред е план за повлекување од Ирак

Во Белата куќа на консултации, денеска се поканети и старо-новиот министер за одбрана, Роберт Гејтс, првиот човек на Генералштабот, Мајк Мулен и членови на Националниот безбедносен совет. На состанокот преку видео конференција ќе учествуваат и командантите на силите од Ирак и Авганистан, генерал Реј Одиерно и генерал Дејвид Меккиернан. Меѓу другото ќе се разговара и за целосно повлекување на американските трупи од Ирак. Во предизборната кампања, Обама вети дека тоа ќе го направи за 18 месеци.

Хилари Клинтон нов државен секретар

Само неколку часа по изборот, Сенатот му изгласа доверба на владиниот тим на Обама. Изборот на Хилари Клинток како шефица на дипломатијата беше одложен,

Hillary Clinton Bildergalerie Kabinett

Хилари Клинтон и официјално е шеф на американската дипломатија

поради критиките дека може да постои конфликт на интереси со фондацијата на нејзиниот сопруг Бил. Сепак Хилари на крајот доби мнозинство гласови. Сенаторот Хери Рид од демократите претходно повика да и се даде поддршка:

„Ги повикувам моите колеги да ми се приклучат и на светот да му испратиме јасна порака. Го поддржуваме претседателот Обама и нашата нова министерка за надворешни работи, кои заедно ќе работат на реизградба на нашата надворешна политика како посилна, поумна и повлијателна.“

Инаку, последните анети во земјата покажуваат дека со стапувањето на должност на Обама се зголемил оптимизмот кај Американците. Кај 53% од испитаниците се зголемила вербата во подобра иднина, додека 15% се песимисти.