1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Клуч за Гвантанамо

Иако новоизбраниот американски претседател Барак Обама се’ уште не стапил официјално на должност, веќе се чувствуваат промени во американската политика. Се прават планови за затворање на затворот во Гвантанамо.

default

За Барак Обама затворањето на затворот на Гвантанамо е еден од приоритетите

САД планира наскоро да му стави клуч на затворот во Гвантанамо. Како што изјави синоќа портпаролот на Пентагон, Џеф Морел, веќе се изработуваат планови за затворање на затворот во американската база во Куба, во кој се сместени лица обвинети за тероризам. Морел нагласи дека е ова во согласност со политиката на новоизбраниот претседател Барак Обама.

„Министерот за одбрана Роберт Гејтс му нареди на својот тим да изработи план како да се затвори затворот и каде да се преместат затворениците, а во истовреме да се осигура дека Америка е заштитена од опасните терористи“, рече Морел.

Термин за затворање се‘ уште нема

Обама уште во предизборната кампања се заложи за затворање на затворот во Гвнатанамо, кој во меѓувреме стана симбол на малтретирање на затворениците, поради што САД е критикувана за употреба на насилство и прекршување на човековите права. Засега нема конкретен датум кога ќе се случи затворањето на овој објект, но

The Road to Guantanamo

Сега во затворот има 250 затвореници

Обама кој ова го најави како еден од врвните приоритети. Тој во интервју за магазинот „Тајм изјави дека очекува постапката да заврши за две години. Според експертите, затворањето на Гвантанамо ќе биде долг и комплексен процес, бидејќи меѓу другото мора да се одлучи каде ќе бидат пренесени затворениците или каков статус ќе добијат. Министерот за одбрана, Гејтс вели: „Дел од проблематичните прашања ќе бидат решени со промена на законите. Има алтернативи за Гвантанамо, но мора да се осигураме дека оние кои што ќе бидат ослободени, нема автоматски да добијат право на азил во САД. Дел од нив се многу опасни и не ги сакаме овде. Сепак, мислам дека се тоа решливи проблеми“.

Во Гвантанамо е и осомничениот организатор на нападите од 11 септември

Инаку, организациите за заштита на човековите права и поранешни затвореници од Гвантанамо, со години обвинуваат дека во затворот има тешко прекршување на човековите права. Таму има луѓе коишто се затворени со години, а се’ уште не е започнат никаков судски процес против нив. Од 800 затвореници колку што имаше на почетокот, сега во затворот има 250 затвореници. Меѓу нив е и Калид Шеик Мохамед, обвинет дека ги организирал нападите од 11 септември 2001 во САД.