1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Клучот е во поефикасно користење на енергијата

Експертски став за руско-украинскиот спор околу гасот: гасот од Русија уште подолго време ќе е неопходен, но мора да се бараат и други извори - а такви има! Поради спорот ќе опадне довербата во Украина и Русија.

default

Русија и Украина спорат, последиците ги чувствуваат трети земји

Ханс-Јоахим Цизинг, стручњак за енергетика од германскиот Институт за меѓународна и европска еколошка политика од Берлин, оценува: „Сметам дека е многу неприфатливо комерцијалниот спор меѓу Русија и Украина да се води врз грбот на трети земји. Поради тоа обете - транзитната земја Украина и земјата во која се црпи гасот, Русија - мора да очекуваат дека ќе опадне довербата во нивната веродостојност“.

Hans Joachim Ziesing Porträt

Ханс-Јоахим Цизинг: мора да се свртиме и кон други извори

Но, какви консеквенции од тоа може да извлече ЕУ?

„Консеквенциите не се толку едноставни, оти за догледно време секако не е можно без гас од Русија. Тоа е најголемиот извор од кој се снабдуваме. Се разбира дека мораме да се свртиме и кон други извори - има уште неколку такви, потоа треба да се оспособиме долгорочно да можеме да користиме и течен природен гас, но пред се’ мораме уште посилно отколку досега да се зафатиме со ефикасноста на користењето на енергијата. Сметам дека независно од сегашниов спор, она што нужно мораме да го направиме е да штедиме гас и делумно да го замениме со други енергенси“, вели Цизинг.