1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Клучно е колку брзо и во која мера Македонија може да ги направи решавачките чекори

Рајнер Штинер, либерал, пратеник во германскиот Бундестаг, познавач на Балканот, во разговор за Дојче Веле за изборите во Македонија вели дека земјата треба сега да покаже зрелост и да продолжи на патот кон ЕУ и НАТО.

default

Рајнер Штинер

„Како и сите меѓународни набљудувачи, и јас сум многу, многу ужаснат и разочаран што изборите минаа со толку многу насилство. Ако подетално се анализира, се добива впечаток дека навистина насилството е ограничено на некои региони, и дека станува збор за интералбански судири - тоа, се разбира, не ја прави работата подобра, тоа е дел од Македонија, сосем јасно. Многу критички гледам на ова, но од него сега не би извлекол многу далекусежни натамошни заклучоци, туку само и натаму критички ќе ја следам ситуацијата. Важно е сега, по изборите, Македонија да покаже дека поседува зрелост да спроведе демократски процес на формирање влада и натаму консеквентно да продолжи по патот кон Европа и НАТО.

Во моментов изгледа дека владата ќе продолжи како и досега. Груевски веќе рече дека радо би сакал да продолжи и понатаму со ДПА, па оттука не очекувам никакви побитни промени, никакви побитни поместувања на тежиштата. Јадро на сегашната политика на Македонија е приближување кон НАТО и ЕУ. Од наш европски агол вниманието примарно е насочено кон тоа, колку брзо и во која мера е Македонија во состојба навистина да ги направи решавачките чекори и да го унапредува реформскиот процес. Што се однесува до членството во НАТО, сите сме на мислење дека Македонија секако треба да биде примена, и јас лично жалам што тоа досега не успеа поради спорот околу името. Но, се надевам дека Македонија ќе продолжи на овој пат“, рече Рајнер Штинер од фракцијата на либералите во германскиот Бундестаг, во оцена на изборите во Македонија дадена за Дојче Веле.

►◄