1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Клучна година за економијата

Во оваа година според некои стручњаци се отвораат европските и светските карти за Западен Балкан и за Македонија,најпрво на политички план,а тоа потоа ќе се одрази и врз економијата

default

Македонија треба да го фати возот кон Европа

Македонските граѓани сеуште немаат почувствувано ништо конкретно од оптимизмот на стручњаците во однос на економската ситуација во оваа година.Но,експертите тврдат дека работите видливо ќе тргнат нанапред,односно дека од најавуваниот напредок корист ќе имаат и граѓаните во земјата.

2008 година многумина ја сметаат за клучна за економијата.Во претходната се ставаа темелите,чии резултати треба да се почувствуваат допрва.Во оваа година според некои стручњаци се отвораат европските и светските карти за Западен Балкан и за Македонија,најпрво на политички план,а тоа потоа ќе се одрази и врз економијата.