1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Клозе, фудбалер на годината во Германија

За тренер на годината е прогласен веќе поранешниот селектор Јирген Клинсман. Биргит Принц е најдобра во женска конкуренција

Мирослав Клозе

Мирослав Клозе

На два дена пред стартот на фудбалската Бундеслига во Германија беа поделени признанијата за најдобрите во фудбалот. Најдобриот стрелец на светското првеснтво во Германија, Миросла Клозе е прогласен за најдобар играч на годината. Клозе инаку беше и најдобар стрелец во минатогодишното коло на Бундеслигата со 25 освоени бодови. За тренер на годината во германија разбирливо е прогласен веќе поранешниот селектор на репрезентацијата ирген Клинсман, кој е еден од најзаслужните за освоената бронза на Мундијалот. Клозе секако е задоволен:

„ Се разбира дека се радувам иако сето ова не е случајно зашто јас многу работам а тоа е мојата силина„

Што се однесува до претстојното првенство Клозе смета дека неговиот Вердер од Бремен ќе се замеша во борбата за титулата но вели дека тоа не била нивна примарна задача. Во женска конкуренција признанието најдобар фудбалер го доби Биргит Принц.