1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кличко се откажа од титулата светски шампион во бокс

Поради неговиот политички ангажман како лидер на опозицијата во Украина, Витали Кличко се откажува од продолжување на неговата боксерска кариера. Кличко последен пат боксуваше во рингот во септември 2012. година

Светскиот шампион во тешка категорија, во верзијата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Витали Кличко реши да се повлече од спортот, за да може во целост да и се посвети на политиката. Управниот одбор на ВБЦ го прогласи Кличко за почесен шампион и ги поддржа неговите политички активности во Украина. Титулата почесен шампион им се доделува на боксерите кои ја завршиле кариерата, во момент додека биле шампиони, и воедно им остава можност да се борат за титулата веднаш, доколку решат да се вратат во рингот.

Повозрасниот од браќата Кличко има 42 години и го носи прекарот ‘Железна тупаница’. Во кариерата има забележано 45 победи (41 со нокаут) и два порази. Двата порази ги доживеал поради повреди во рингот, од Ленокс Луис и Крис Бред. Во моментите кога тие мечеви биле прекинувани, тој ја имал бодовната предност кај судиите.

Витали, во кариерата, никогаш не бил во нокдаун и никогаш во кариерата немал бодовен минус во своите мечеви. Последен пад Витали Кличко боксуваше во рингот во септември 2012. година.

Меѓу четирите најголеми боксерски федерации, верзијата ВБЦ е најпрестижна во тешка категорија. Славниот ‘зелен појас’ го носеле сите славни боксери: Сони Линстон, Мухамед Али, Џо Фрејзер, Џорџ Форман, Кен Нортон, Лери Холмс, Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд, Ленок Луис...

Витали Кличко, чија партија е дел од украинскиот паралмент, активно учествува во демонстрациите против претседателот Виктор Јанукович, тој најави дека на изборите во 2015 година ќе се кандидира за претседател на државата.

Кличко кој е лидер на партијата УДАР на неговата интернет страница објави дека во моментов неговиот живот е концентриран на политиката во Украина а на на спортот.