1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Кличко побара ЕУ-санкции против Украина

Украинскиот опозиционен политичар Витали Кличко денеска (05.01.), пред околу 10.000 демонстранти во Киев, побара од ЕУ санкции против проруското раководство на Украина.

Поранешниот светски првак во бокс Витали Кличко оцени дека „морална поддршка за противниците на власта не е доволна“. Тој се надева дека по прославата на православниот Божик ќе дојде до нов бран протести, кои би биле вовед во генерален штрајк.

На плоштадот Мајдан во Киев денеска се собраа околу 10.000 противнци на владата. Протестите, како што рече пред насобраните опозициониот лидер Кличко, треба да се прошират. Државното раководство се обидува да ги игнорира луѓето, „но ние сме доволно силни за да победиме“, нагласи тој.

Протестите во Украина се одржуваат месец и половина. Владата во Киев е конфронтирана со масовни протести откако претседателот Виктор Јанукович на 21 ноември 2013 година го откажа планираното потпишување на Договорот за асоцијација со ЕУ. Наместо тоа, Јанукович договори потесна економска соработка со Русија.