1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кличко останува светски шампион

Овојпат не беше победа со нокаут, но Владимир Кличко сепак ја одбрани титулата светски шампион. Тој во Хамбург го победи Полјакот Мариуш Вах.

Владимир Кличко, пред 15.000 гледачи во Хамбург, вчеравечер (10.11) го победи на поени својот предизвикувач од Полска, Мариуш Вах. Триесет и шестгодишниот Украинец и натаму ќе ги носи појасите на ВБО, ВБА и ИБФ верзиите. За „Доктор Челична тупаница“ ова е 59. победа во вкупно 62 професионални борби.

Кличко, кој е непоразен веќе осум години, доминираше над својот добар, но бавен противник. Полјакот беше првиот противник на Кличко кој беше повисок и потежок од него. Сепак, Вах не ја искористи ваквата предност.

За Владимир Кличко, кој последен пат беше поразен на 10 април 2004 година од Американецот Лејмон Брустер, ова без сомневање беше најемоционална борба во кариерата. Имено, тој првпат од 2004 година мораше да се искачи на рингот без својот тренер Емануел Стјуарт. Тренерот почина од рак, на 25 октомври во Детроит, на возраст од 68 години.