1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кличко останува светски првак

Александер Поветкин не успеа да го симне од тронот Владимир Кличко. Русинот загуби едногласно на поени. Кличко останува „мерило“ во боксирањето во тешка категорија.

Владимир Кличко (на фотографијата лево) останува трикратен светски првак во бокс во тешка категорија. Украинецот во Москва вчеравечер (05.10.) го победи Русинот Александар Поветкин на поени. Ова за Кличко е 61-ва победа во 64 професионални борби. Поветкин, пак, пред 14 илјади гледачи во Олимписката арена во Москва, мораше да се помири со својот прв пораз во 27 борби.

„Ова беше тешка работа. Поветкин е борец со големо срце“, оцени Кличко по мечот. Победникот во Москва доби 12,88 милиони евра, додека за поразениот Русин остануваат 4,3 милиони евра.

Борбата меѓу Кличко и Поветкин важеше за најинтересна во последните десет години. Дуелот на двајцата боксери во тешка категорија имаше и политички„елементи“. Украинците, кои во времето на Советскиот сојуз „мораа да ги слушаат“ Русите, и денес имаат големи антипатии кон „поголемиот брат“. Освен тоа, братот на Владимир Кличко, Витали, со својот опозиционен сојуз УДАР во Украина се бори за приближување кон Западот, што наидува на отпор од страна на Русија. Во предвечерјето на дуелот имаше спор и околу допинг-контролите. Кличко, имено, стравувајќи од можни манипулации, одби да биде тестиран од страна на надлежната руска анти-допинг агенција Русада и наместо тоа беше контролиран од германската агенција НАДА.