1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кличко останува неприкосновен

Украинскиот боксер Виталиј Кличко вчера вечер ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија во WBC верзијата во мечот против Мануел Чар од Германија, по прекинот на борбата, поради повредена на предизвикувачот.

Пресудениот момент беше во четвртата рунда, во мечот кој се одржа во Москва, кога Кличко на противникот му зададе силен удар со аперкат. На тој начин Виталиј и по девет години остана непоразен во тешка категорија.

Чар агресивно влезе во мечот задавајќи му на шампионот неколку удари во главата. Кличко не потклекна и возврати во втората рунда.

Во продолжение Виталиј во четвртата рунда ја дочека шансата, Чар лошо го постави гардот, а Кличко со аперкат го погоди во десната аркада. Поради големата количина на крв судијата веднаш ја прекина борбата.

Германецот Чар не се согласи со таа одлука, па негодуваше во рингот, заканувајќи им се на браќата Кличко. Чар на крајот мораше да го прифати поразот од Виталиј Кличко.