1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кличко го победи Ибрахимов

Првакот на Меѓународната боксерска федерација, Украинецот Владимир Кличко ноќеска (24.02.08) во Њујорк го победи Султан Ибрахимов од Русија и ја освои титулата и на Светската боксерска органзиаиција.

default

Боксерот Владимир Кличко

Со победата над Ибрахимов во преполниот Медисен сквер гарден, на поени во 12 рунди Кличко ја освои и титулата Шампион на Светската боксерска органзиација во супер тешка категорија.

Овој меч се очекуваше да биде спектакл, наместо тоа се претвори на концерт од свиркања. Публиката не беше задоволна од мечот, кој траеше долго и шампинот премногу тактизираше. Старо новиот првак добро ја разбра реакцијата на публиката и по мечот изјави „Да, да ја регистрирам публиката но морам да ги регистирам и упатствата од тренетрот и мојата сопствена стратегија.“ рече Владимир

Кличко кој ја бранеше титулата четврти пат по ред од април 2006 година има забележено 50 победи и три пораза, додека Ибрахимов има скор од 22 победи и по еден нерешен и загубен меч. По победата на Британецот Ленокс Луис над Ивандер Холфилд во 1999 година во Њујорк, ова е првпат еден боксер да ги обедини двете титули.