1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кличко во Минхен: Без борба нема победа

Лидерот на украинската опозиција Витали Кличко зеде учество на Минхенската конференција за безбедност, за да побара поддршка против украинското раководство од меѓународната заедница.

Важно ми беше да зборувам за ситуацијата во татковината со пријатели, истакна денеска (1.02) Витали Кличко во Минхен, пред неколку стотици насобрани поддржувачи, образложувајќи зошто додека во Украина се‘ уште има судири, тој допатува во Германија.

„Ќе победиме, нема победа без борба“, изјави Кличко.

Во Минхен Кличко се сретна со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, со американскиот министер за надворешни работи Џон Кери и со германскиот, Франк-Валтер Штајнмајер. Сите тие се заинтересирани за стабилизирање на ситуацијата во Украина, истакна Кличко, кој најави дополнителни барања за воведување санкции против одредени личности од Украина, кои ги прекршиле човековите права.

„Не е доволно само водење разговори, покажување солидарност, тоа е премалку. Јас ќе предложам конкретни мерки и санкции против одредени личности, кои извршија кршење на човековите права“, истакнува Кличко.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер, од своја страна, го предупреди украинското раководство дека без итна реализација на ветувањата дадени на опозицијата, ситуацијата во земјата ќе експлодира. Штајнмајер во решавањето на кризата во Украина бара и поддршка од Русија.

Ukraine 31.01.2014 Proteste

Протестите во Украина продолжуваат

Украинската опозиција се жали на нецелосно реализирање на дадените ветувања на Јанукович, како комплетно анулирање на спорните закони против протестите.

Кај опозицијата во Украина се‘ поголеми се стравувањата дека може да дојде до интервенција на армијата во судирот меѓу власта и опозицијата.

Иако, министерот за одбрана на Украина, Павел Лебедев, уверува дека украинските вооружени сили остануваат надвор од политиката и нема да одговорат на провокациите.

„Вооружените сили се изложени на многу провокации. Ние нема да одговориме на провокациите. Повеќето припадници на вооружените сили ја предупредуваат јавноста дека актуелниот конфликт е неприфалив и дека треба да прекинат активноистите кои сега ги гледаме на улиците во Киев и во другите градови во Украина“, нагласи Лебедев.

Изјавата на Лебедев следи откако вчера на интернет страницата на Министерството за одбрана беше објавено соопштение во кое се истакнува дека украинската армија го повикува претседателот Виктор Јанукович да преземе итни мерки за стабилизирање на сoстојбата во Украина.

Вооружените сили и Министерството ги сметаат за недозволиви нападите врз јавни згради и обидите за попречување на властите во извршувањето на нивните обврски и предупредуваат дека ескалацијата на протестите претставува закана за територијалниот интегритет на Украина, беше наведено во соопштението.

Besuch Vitali Klitschko bei Dmitri Bulatow

Витали Кличко и Дмитри Булатов

Истрага за наводен обид за насилно преземање на власта

Украинската служба за безбедност во меѓувреме започна истрага во врска со сомнежите дека опозицијата подготвува план за насилно преземање на власта во земјата. Како што јави ИТАР-ТАСС, до ваквите сознанија службата дошла врз основа на проверка на серверите одземени при претрес на киевското седиште на опозициската партија Татковина на поранешната премиерка Јулија тимошенко.

Според безбедносни извори, меѓу запленетите материјали има и податоци дека опозицијата планирала и „насилна веријанта“ при протестите, што би подразбирало употреба на сила од страна на демонстранти во обид за преземање на власта.

Претставник на безбедносната служба информира дека истрагата во врска со овој случај се очекува да трае околу два месеца. Од своја страна, партијата Татковина ги негираше ваквите обвинувања и тврдењата на Службата ги оквалификува како смилена провокација.

Булатов смее да ја напушти Украина

Во меѓувреме, денеска е соопштено дека украинскиот опозициски активист Дмитри Булатов, кој како што тврди, бил киднапиран од непознати лица и мачен, смее да ја напушти земјата и да отпатува во странство. Тој ќе биде лекуван во Германија. Тоа на маргините на Минхенската безбедносна конференција го потврди германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.

Украинската полиција претходно покрена истрага против опозицискиот активист Булатов, кој тврди дека повеќе од една недела бил држен во заробеништво и измачуван, во серија мистериозни напади врз антивладини демонстранти во текот на двомесечната политичка криза. Булатов (35), член на „Аутомајдан“, група на возачи која се приклучи кон протестите против претседателот Виктор Јанукович, исчезна на 22 јануари. Булатов во четвртокот е пронајден во близина на Киев. Тој тврди дека киднаперите жестоко го тепале, му отсекле дел од увото и му го расекле лицето. Тој тврди и дека не може да ги идентификува киднаперите, бидејќи цело време го држеле во темница и оти минатиот викенд повеќе од една недела го оставиле во шума.