1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кличко бара поддршка

Украинскиот опозициски лидер Витали Кличко денеска на Минхенската конференција за безбедност ќе упати апел за подршка. Тој ќе се сретне со американскиот министер за надворешни работи Кери и со германскиот, Штајнмајер.

Ситуацијата во Украина е во фокусот на вториот ден на Минхенската конференција за безбедност што почна вчера (31.01.2014). Еден од лидерите на украинската опозиција, Витали Кличко, ќе зборува на Конференцијата и ќе бара поддршка. Планирани се негови средби со американскиот министер за надворешни работи, Џон Кери, како и со германскиот, Франк-Валтер Штајнмајер.

„Германија има големо влијание во Европа. Многу нешта зависат од министерот Штајнмајер. Радо би разговарал со него околу политиката, какви чекори би требало да направи Украина или како да ја принудиме украинската влада во никој случај да не почнува граѓанска војна“, изјави Кличко. Времето на апели до претседателот во Киев за Кличко е поминато. Тој бара конкретни чекори од меѓународната заедница.

„Не е доволно само водење разговори, покажување солидарност, тоа е премалку. Јас ќе предложам конкретни мерки и санкции против одредени личности, кои извршија кршење на човековите права“, истакнува Кличко.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер, од своја страна, го предупреди украинското раководство дека без итна реализација на ветувањата дадени на опозицијата, ситуацијата во земјата ќе експлодира. Штајнмајер во решавањето на кризата во Украина бара и поддршка од Русија.

EU Deutschland Außenminister Frank-Walter Steinmeier in Brüssel

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер

Украинската опозиција се жали на нецелосно реализирање на дадените ветувања на Јанукович, како комплетно анулирање на спорните закони против протестите.

Украинската армија соопшти дека нема да се меша во политиката

Украинските вооружени сили остануваат надвор од политиката и нема да одговорат на провокациите, изјави министерот за одбрана на Украина, Павел Лебедев.

„Вооружените сили се изложени на многу провокации. Ние нема да одговориме на провокациите. Повеќето припадници на вооружените сили ја предупредуваат јавноста дека актуелниот конфликт е неприфалив и дека треба да прекинат активноистите кои сега ги гледаме на улиците во Киев и во другите градови во Украина“, нагласи Лебедев.

Изјавата на Лебедев следи откако вчера на интернет страницата на Министерството за одбрана беше објавено соопштение во кое се истакнува дека украинската армија го повикува претседателот Виктор Јанукович да преземе итни мерки за стабилизирање на сoстојбата во Украина.

Вооружените сили и Министерството ги сметаат за недозволиви нападите врз јавни згради и обидите за попречување на властите во извршувањето на нивните обврски и предупредуваат дека ескалацијата на протестите претставува закана за територијалниот интегритет на Украина, беше наведено во соопштението.

Kiew Ukraine Protest Unruhen

Тензиите во Украина не се смируваат

На ваквото соопштение синоќа реагираше генералниот секртар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој на својот блог на Твитер ја повика украинската армија да остане неутрална и изрази вознмеирност, поради како што напиша, „обидите за вовлекување на Армијата во решавањето на кризната ситуација“.

Истрага за наводен обид за насилно преземање на власта

Украинската служба за безбедност во меѓувреме започна истрага во врска со сомнежите дека опозицијата подготвува план за насилно преземање на власта во земјата. Како што јави ИТАР-ТАСС, до ваквите сознанија службата дошла врз основа на проверка на серверите одземени при претрес на киевското седиште на опозициската партија Татковина на поранешната премиерка Јулија тимошенко.

Според безбедносни извори, меѓу запленетите материјали има и податоци дека опозицијата планирала и „насилна веријанта“ при протестите, што би подразбирало употреба на сила од страна на демонстранти во обид за преземање на власта.

Претставник на безбедносната служба информира дека истрагата во врска со овој случај се очекува да трае околу два месеца. Од своја страна, партијата Татковина ги негираше ваквите обвинувања и тврдењата на Службата ги оквалификува како смилена провокација.