1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Клинт Иствуд растури со филмот„ Девојка од милион долари„

Филмот „Девојка од милион долари„ го освои највисокото филмско признание Оскар кој ноќеска по 77-ми пат се одржа во Лос Анџелес. Режисерското остварување на холивудската легенда Клинт Иствуд за боксерската драма, ја освои големата награда пред филмот „Авијатичарот„ на Мартин Скорсезе. Хилари Свенк и Џејми Фокс, ги добија оскарите за најдобра женска и машка улога

default

Нокаут завршница на годинашниот Оскар кој традиционално во гламурозна атмосфера се одржа во кино салата „Кодак„ во Лос Анџелес, САД. Филмот “ Девојка од милион долари“ на режисерот Клинт Иствуд кој во последен момент влезе во трката за престижната награда, покрај оскарот за најдобро филмско остварување освои уште три оскари, за најдобра главна, споредна улога и за режисер, која заврши во рацете на холивудската легенда 74 годишниот Клинт Иствуд.

Хилари Свенк, главната актерка во „Девојка од милион долари„ ја доби наградата за најдобра женска улога, додека пак Морган Фримен го понесе признанието за најдобра споредна улога.

Во категоријата најдобар филмски актер, наградата заврши во рацете на Џејми Фокс за главната улога во филмот „Реј„ базиран на животот на музичката легенда Реј Чарлс. Клинт Иствуд, кој меѓу останатото беше номиниран и за најдобар актер по врачувањето на големата награда видно возбуден изрази огромна благодарност до неговата 96 годишна мајка која го придружуваше во публиката, додавајќи деке е многу среќен што е тука и што сеуште работи.

Филмот со најмногу номинации „Авијатичарот„ на режисерот Мартин Скорсезе освои пет оскари. Кејт Бланшет за најдобра женска споредна улога и уште четири во техничкиот дел. Филмот за американскиот тајкун Хауард Хјуз, чинеше 110 милиони долари, или трипати поскапо од прво наградениот „Девојка за милион долари„ за чие снимање беа потрошени 33 милиони долари и 37 работни денови.

Во категоријата најдобар странски филм, оскарот го освои шпанскиот филм „Си инсајд„