1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Клинтон: „Ќе ја преживееме кризава“

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, е уверен дека со добра меѓународна соработка ќе биде совладана светската економска криза.

default

Угледен гостин: поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон

САД и светот ќе ја совладеат актуелната светска економска и финансиска криза, рече во Давос поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Но, нужна е тесна меѓународна соработка, оцени тој, токму како пред него и премиерите на Русија и на Кина, Владимир Путин и Вен Џијабао. Клинтон призна дека неговата земја ја предизвика кризата, но нагласи дека мора во цел свет да се работи за нејзино совладување. „Кога ќе ја имаме кризата зад нас, ќе имаме финансиски систем на 21 век, а досегашниот ќе ни изгледа старомодно“, рече Клинтон.

Според Клинтон, САД и новиот претседател Обама мораат да имаат предводничка улога. Во моментов се’ уште не е време за светска трговска спогодба. „Мораме да дејствуваме. Песимизмот е изговор за да не се прави ништо“, им порача поранешниот американски претседател на водечките сили од стопанството и политиката, кои до недела ќе заседаваат во Давос.

На Форумот учествува и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, кој замоли за поддршка од 613 милиони долари за Палестинците во појасот Газа. Со оваа сума би се покриле трошоците на светската организација, како и на другите хуманитарни организации, што се ангажирани таму, во наредните шест месеци. Помошта е итно неопходна, рече генералниот секретар Бан Ки Мун денеска на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.