1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Клинтон ја обвинува Русија за окупација на Грузија

Затоплувањето на односите меѓу Вашингтон и Москва нема да оди на штета на Грузија, изјави американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон во Тбилиси. Таа побара повлекување на руските сили од Грузија.

default

Хилари Клинтон беше на турнеја по неколку земји од Источна Европа и Кавказот

За време на посетата на Грузија и разговорите со претседателот Михаил Саакашвили, шефицата на американскиот Стејт департмент ја критикуваше Русија дека држи делови од територијата на оваа кавкаска република под окупација. Згора на тоа, руската армија гради воени бази во двете грузиски покраини - Јужна Осетија и Абхазија, со што ги крши одредбите од мировниот договор склучен меѓу Русија и Грузија по кусата војна во август 2008 година. Војната изби по обидот на грузиската армија на сила да ги заземе двете покраини, кои од распаѓањето на Советскиот Сојуз прогласија автономија и за тоа добија поддршка од Русија. На воената провокација од Тбилиси, руските сили реагираа со интервенција, по што двете спорни покраини прогласија независност од Грузија. Официјална Моксва кусо потоа ги призна двете како независни држави.

Клинтон: Грузија ни‘ се приближи

На прес-конференцијата со грузискиот претседател

Russland Panzer rollen nach Georgien

Војната во август 2008 година беше куса

Михаил Саакашвили во Тбилиси, Хилари Клинтон уште еднаш подвлече дека САД остануваат на поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија. Гостинката од Вашингтон исто така ја повтори и определбата за поддршка на Грузија за пристапување кон НАТО. „Грузија ни‘ се приближи. Таа блискост се темели врз заеднички идеали. Ние сме партнери на Грузија,“ нагласи Клинтон. Таа уште изрази уверување дека окупацијата на руските сили на делови од територијата на Грузија не му наштетиле на реформското движење во земјата. „Грузија има потенцијал да стане светилник на демократијата во регионот,“ оцени Клинтон.

Путин: Потребен е дијалог, без мешање на трета страна

На ваквите изјави на американската министерка за надворешни работи, рускиот премиер Владимир Путин ја предупреди Грузија да не се обидува да најде решение за проблемите со двете отцепени покраини од трета страна. „Грузијците не смеат да бараат решение од надвор,“ изјави Путин за една руска новинска агенција. „Потребно е да се води дијалог, без да се вовлекува трета страна“, нагласи Путин. Грузискиот претседател Михаил Саакашвили минатата недела изрази готовност на директни преговори со Русија, за нормализација на меѓусебните односи.

Автор: ГЧ/АТ/афп/дпа/ап

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска