1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Клинтон: САД се посветени на помошта на Македонија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон упати честитка по повод утрешниот празник, 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Клинтон во честитката го реафирмира пријателството меѓу Македонија и САД и порачува дека „не само што нуди можност за граѓаните на Македонија да погледнат назад во својата заедничка историја и наследство, туку и напред, во иднина во која земјата е силна, просперитетна и разновидна демократија што е целосно интегрирана во евроатлантската заедница“.

„САД остануваат посветени на тоа да и‘ помогнат на Македонија да ги зајакне своите мултиетнички и демократски институции.  Во соработка со вашите лидери и граѓанското општество, ќе работиме со Вас на подобрување на образованието, на промовирање на слободата на медиумите и владеењето на правото, јакнејќи ги демократските основи што се витални за едно живо, вклучувачко мултиетничко општество“, вели Клинтон во писмената честитка.

Истакнувајќи дека САД се партнер и пријател на Македонија, Клинтон по повод 21-вата годишнина од македонската независност посака мир и просперитет на сите граѓани на Македонија.