1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Клинтон против Обама - или обајцата во тандем против Меккејн?

Во неизвесната трка за претседателскa кандидатура на американските Демократи нов полет за Хилари Клинтон по победите во важните држави Тексас и Охајо. Таа сега вели дека би можеле да се кандидираат со Обама во тандем!

default

Хилари Клинтон и Барак Обама

Многумина меѓу Демократите, не само приврзениците на Барак Обама, се надеваа дека тој ќе победи на предизборите во Тексас и Охајо, оти едноставно сакаа конечно да падне решение. Сега трката продолжува. „Мислам дека насловот на филмот на Демократите ќе биде ’Ќе тече крв‘. Хилари Клинтон вчера победи со тоа што го нападна Барак Обама. Сега тој ќе возврати, а најзадоволни се Републиканците“. Мајк Марфи, советник кај Републиканците - и не е единствениот што така мисли. Џон Меккејн е веќе сигурен претседателски кандидат на конзервативните. Во меѓувреме доби подршка и од актуелниот претседател Џорџ Буш: "Тој е човек кој многу се грижи за оние меѓу нас на кои среќата им е помалку наклонета. Тој ќе биде претседател што со решителност ќе постапува против непријателот“ - нагласи Буш. Додека Клинтон и Обама меѓусебно ќе се борат, Меккејн може сето свое внимание веќе да го насочи кон претседателските избори во ноември годинава. Времето работи за Меккејн Ваква временска предност има големо значење во американската предизборна борба. Прво финансиско: секој ден во касата на Меккејн се слеваат донации од поддржувачи од целата земја и тој може секој долар да го вложи во кампањата за изборите. Обама и Клинтон, напротив, ги трошат парите уште во борбата за номинација за претседателски кандидат. Меккејн може да собира сили за огорчената повеќемесечна предизборна борба што претстои, додека демократските кандидати секој нареден ден изгледаат позаморени од претходниот и не е на повидок пауза да здивнат. Тоа ги вознемирува нивните симпатизери и сопартијци. Но, Обама и Клинтон остануваат расположени за борба. Хилари Клинтон смета дека колку подолго трае предизборот, толку се избирачите подобро информирани: „Овој избор е неверојатно тесен. Мислам дека 25 милиони луѓе веќе избираа, а разликата меѓу нас сепак е само неколку илјади гласови. Сега постои вистинска можност за решение, оти знаеме кој ќе биде кандидат на Републиканците. Сметам дека избирачите сакаат некого, кој на сцената може да опстои на исто рамниште со Џон Меккејн - а јас го нудам тоа“. Клинтон кандидат за претседател, Обама за потпретседател? Еден ден по победите во Тексас, Охајо и Род Ајленд, Клинтон за прв пат навести дека можеби би можеле и заеднички да се кандидираат со Барак Обама - таа за претседател, тој за потпретседател. Но, Обама воопшто не смета дека ја загубил битката за претседателска номинација. „Во Тексас и Охајо заостанавме 20 проценти. Победивме на 11 предизбори последовно. Сенаторката Клинтон се потпре врз тие две држави во кои имаше предност и постигна добар резултат. Но, ние ја имаме приближно истата разлика во делегатските гласови како и пред тоа. Затоа, се концентрираме врз предизборите во наредните држави“ - изјави Барак Обама. Демократите се надеваат дека најдоцна на 22-ри април во Пенсилванија ќе падне решение - а не на партиската конвенција во август.