1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Клинтон на разговори во Анкара

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон, во Анкара ја истакна потребата од тесна соработка меѓу САД и Турција.

default

Хилари Клинтон во посета на Турција

Во рамките на турнејата на Блискиот Исток и Европа, Хилари Клинтон денеска (07.03.09) се сретна со турското раководство. При посетата на турскиот главен град, американската министерка за надворешни работи се заложи за засилена соработка меѓу Турција и САД.

Претпладнево американската министерка се сретна со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Во соопштението од кабинетот на Ердоан по средбата се вели, дека на состанокот станало збор за ситуацијата во Авганистан и на Блискиот Исток како и за прашања поврзани со борбата против тероризмот.

По состанокот со ресорниот колега Али Бабаџан, Клинтон уште еднаш подвлече дека двете држави мораат заеднички да се залагаат за мирот, добросостојбата и напредокот. Американската министерка го истакна и значењето на Сирија за мировно решение на Блискиот Исток. Таа ги пофали и посредничките напори на Турција меѓу Израел и Сирија. Клинтон најави дека американскиот претседател Барак Обама, ќе ја посети Турција за околу еден месец.

Нов почеток

Со оглед посетата на Клинтон на Европа и Блискиот Исток, Државниот срекретар во министерството за надворешни работи на САД, Ден Фрид ја оцени турнејата на министерката како обид за нов почеток. Во однос на Труција тој истакна дека недоразбирањата меѓу двете земји се минато. Осудата на американскиот ангажман во Ирак во 2003 година од страна на турскиот парламент во голема мера ги отежна билатералните односи: „Со новата администрација имаме можност да ги надградиме односите и да создадеме чесно и тесно стратешко партнерство со Турција. Истовремено ја охрабруваме земјата да продолжи со демократските реформи во рамките на секуларниот систем,“ истакна Фрид и дополни дека Вашингтон се надева на соработка со Анкара по важни надворешно-политички прашања како што се Судан, Северна Кореја или Средниот исток.