1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Клинтон: Иран ја зголемува помошта за Асад

Иран, според наводите на шефицата на американската дипломатија во заминување, Хилари Клинтон ја засилува поддршката за претседателот Башар ал Асад во Сирија. Клинтон денеска и официјално ја напушта функцијата.

Еден од најважните приоритети за Иран е да го оддржи Асад на власт во Сирија, изјави Клинтон на последното интервју пред напуштањето на функцијата државен секретар на САД.

Вашингтон смета дека во моментов Техеран испраќа повеќе персонал во Сирија за поддршка на Асад и за советување на неговата армија. Голема загриженост постои и поради испораката на иранско оружје во Сирија, истакна американската министерка за надворешни работи на прошталната средба со новинарите, акредитирани во Стејт департманетот.

Клинтон предупреди дека Иран се’ повеќе се меша во граѓанската војна во Сирија, со што се зголемува заканата за поширок регионален конфликт. „Иранците активно се вмешани уште од самиот почеток на конфликтот. По се’ изгледа дека нивното мешање се проширува, што мошне не загрижува, рече Клинтон. Таа денеска и официјално ја напушта функцијата. Нејзин наследник ќе биде демократскиот сенатор и поранешен претседателски кандидат Џон Кери.

USA Neuer Außenminister John Kerry

Наследникот на Клинтон, Џон Кери

Критика за Русија

Инаку Хилари Клинтон на последното интервју како државна секретарка на САД упати критика и до Русија поради континуираната финансиска и воена поддршка на режимот на Асад.

„Русите не се пасивни набљудувачи во поддршката на Асад. Тие играат многу поактивна улога на неколку фронта. Заштитата на Асад во Советот за безбедност на Обединетите нации е највидливиот дел од таа улога, но тие го помагаат режимот и со други средства“, додаде таа.

Таа изрази надеж дека Русите ќе ги променат своите ставови и оти ќе станат поотворени за меѓународно решение на сирискиот конфликт.