1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Клинтон: Ахмадинеџад ја знае адресата на ИАЕА

Засенета од мешаницата околу настапот на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, во Њујорк продолжува Конференцијата за проверка на спроведувањето на Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

default

Хилари Клинтон

Помалку нуклеарно оружје и повеќе нуклеарна енергија за цивилни цели - побара во говорот на отворањето на конференцијата генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Целта, според него, е „ренесанса на атомската енергија за да се реагира на се‘ поголемата потреба од енергија и истовремено да се избегнат гасовите штетни за животната средина“. Бан од Иран побара да работи на расчистување на дилемите кои постојат во светот околу атомската програма на таа земја: „Го охрабрувам претседателот на Иран да дејствува конструктивно. Да бидеме јасни - обврска на Иран е да ги расчисти сомневањата и загриженоста околу неговата атомска програма.“

Генералниот секретар на ОН ја повика и Северна Кореја да се врати кон Договорот за неширење на нуклеарно оружје најбрзо што е можно и тоа без предуслови.

Ахмадинеџад ги нападна САД

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, во својот

USA UN Iran Präsident Mahmud Ahmadinedschad in New York Atomkonferenz

Додека Махмуд Ахмадинеџад зборуваше, салата се празнеше

говор, Договорот за неширење на атомско оружје го нарече „слаб“ и „неправеден“. Тој ги нападна пред се‘ САД: „САД не само што употребија бомба, туку со тоа им се закануваат и на други земји, меѓу кои е и мојата“, рече Ахмадинеџад, додавајќи: „Оние кои први употребиле бомба, би морало да припаѓаат кон најомразените луѓе.“

Според иранскиот претседател, да се поседува атомско оружје не е повод за гордост, туку е „засрамувачки“, а „уште позасрамувачки е да се користи стравот од ваквото оружје.“

Клинтон го обвини Иран дека го „закопува“ Договорот

Додека Ахмадинеџад зборуваше, делегатите, пред се‘ од европските земји, демонстративно ја напуштија салата. Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон го обвини иранскиот претседател дека има намера да го закопа Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

„Знаеме дека има земји кои одбрале да не бидат конструктивни. Утринава, иранскиот претседател изрече лажни и делумно диви обвинувања на сметка на САД и други учесници на оваа конференција. Но, тоа не изненадува. Како што сите слушнавте утрово, Иран има намера да стори се‘ за да го одврати вниманието од себе и се обидува да избегне одговорност. Но, сите ние ќе бидеме оценувани не според она што го зборуваме, туку според она што го правиме.“

NO FLASH Symbolbild USA geben Zahl ihrer Atomsprengköpfe bekannt

САД го објавија количеството атомски боеви глави

Клинтон му порача на Иран дека треба тој да го направи првиот чекор. „Ја знае адресата на Меѓународната агенција за атомска енергија и знае што се очекува од него“, рече американската министерка, која најави дека САД имаат намера во иднина да го обелоденат сопственото количество на атомско оружје. Според она што Пентагон нешто подоцна го објави, САД имаат 5.113 нуклеарни боеви глави.

Автор: ЕМФ/ГЧ/дпа/ртр/дв

Редактор: Жана Ацеска