1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Климке: Наша задача е со Грците интензивно да разговараме за ветото!

Јирген Климке од пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот за ДВ истакува дека Германија го следи напредокот на Македонија и има задача интензивно и конкретно со Грција да разговара за нејзино воздржување од вето

Јирген Климке, новинар од Хамбург, во пратеничката група на демохристијаните во Бундестагот е од 2002-та година. Во изминатиот парламентарен мандат тој беше член на Комисијата за надворешна политика и поблиску ги следеше случувањата на Западниот Балкан и Македонија. За заклучоците околу Македонија кои се на дневен ред на Европскиот совет Климке за ДВ со коментарот:
„Германија со големо интересирање го следи напредокот на Македонија, но поради целата институционална структура во ЕУ, не може да направи ништо против ветото на Грција. Во однос на ветото, кое е тактички чекот на Грција, конечно мислам дека е наша задача со Грците уште еднаш интензивно и конкретно да разговараме и тоа под мотото: ‘кога Вам ние ви помагаме кај долгорочните структурни прашања, ве молиме бидете воздржани во однос на Македонија“, е категоричен Јирген Климке.
Го прашуваме: може ли да си ја замисли посредничката улога на Германија во актуелниот спор околу името или инволвирањето е незамисливо за Берлин?
„Мислам дека нашето барање за добри односи меѓу двете земји ние би можеле да го искористиме за иницирање тркалезна маса каде јасно би кажале: вам ви го оставаме просторот и нема станување од маса додека нема резултат!“, е идејата на Климке, кој забележува дека преговорите околу барање решение за спорот со името течат долго и нема конкретен напредок. Доколку има натамошен позитивен развој во Македонија нема генерална причина да се каже ‘не’ за почетокот на пристапните преговор“!

Jürgen Klimke, CDU, Mitglied des Bundestags

Да се разговара за името на тркалезна маса додека не се постигне решение! Јирген Климке

Ни напред - ни назад!

„Што се однесува до пристапното членство во ЕУ, Македонија не отиде чекор напред, но нема ни чекор на назад. Во заклучоците на Советот се повторуваат забелешките од Комисијата. Поради остсуството на напредок околу решавањето на спорот со името и очекуваното грчко вето и нема официјална одлука и предлог за почеток на пристапните прегвори. Инаку, Комисијата уште во октомври, по петти пат, во извештајот за напредок предложи почеток на преговорите со Македонија, забележувајќи дека натамошна блокада ќе влијае генерално врз веродостојноста на процесот на проширување, но и индивидуално во случајот на Македонија - би можело да дојде до промена во динамиката на реформите“, коментира за ДВ Јирген Климке , кој покрај позитивните остварувања во Македонија ги посочи и сферите каде има назадување и кои треба да се подобрат: слободата на медиумите и изразувањето, потребата од реформите во судството, како и имплементацијата на стратегија за Ромите, и воопшто - заштитата на малцинствата.