1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Климата и простувањето долгови – две големи теми на средбата на Г8

Шефовите на држави и влади на земјите од групата осум имаат намера да разговараат за проблемите на сиромашните земји во луксузното место Гленигл во Шкотска. Предлогот на домаќинот, британскиот премиер, Тони Блер, гласи – развојната помош за најсиромашните веднаш да се зголеми двојно, на 50 милијарди долари, и за Африка да се направи еден вид Маршалов план. Освен тоа, на дневен ред на средбата на групата се

default

дум најразвиени земји плус Русија, се и актуелните проблеми на светската економија, како и меѓународни политички теми.

Средбата на групата осум во Гелниглс досега најскапата средба на политичари, што Велика Бртианија некогаш ја имала. И покрај тоа што, во осамената околина на Глениглс не е тешко да се постигне висок степен на обезбедување, самитот чини дури 140 милиони евра. Но, домаќинот, британскиот премиер Тони Блер, вели дека парите се добро вложени. Конечно, тој високо на агендата на самтот постави две големи цели: заштита на климата и помош за Африка. Тони Блер особено се залага за втората.

“Мислам дека имаме заедничка желба да мус е помогне на континентот, да се надмине сиромаштијата и недоразвиеноста, кои за голем број луѓе се горчлива стварност.“

Вака говореше премиерот по средбата со американскиот претседател Буш пред четири недели во Вашингтон. Претходно, министрите за финансии на групата осум се договорија да им ги простат долговите во износ од 55 милијарди долари на 40 најсиромашни земји во светот.

Што се однесува до вториот дел од иницијативата на Блер, т.н. “Маршалов план за Африка“, мислењата се спротивставени. Лондон бара итно двојно зголемување на развојната помош, од 50 милијарди долари годишно. Американскиот претседател Буш не се согласува со ова, а скепса има и кај германската влада. Министерката за развој, Хајдемари Вичорек Цојл, сепак, го поздравува особено планираното простување на долговите.

“Мислам дека тоа го трасира патот и е знак на водство на групата осум. Простувањето на долговите води кон тоа земјите во развој своите издатоци да ги трошат на образование, на борба против болести како што е сидата. “

Втората голема тема на самитот – заштита на климата, се заканува да предизвика судир меѓу Блер и БУш. Американската администрација и натаму не гледа поврзница меѓу затоплувањето на климата и загадувањето на воздухот. Затоа, документот на оваа тема, планиран да произлезе од самитот, веројатно ќе пропадне, или ќе има само седум, а не осум потписи.

Со оглед на двете големи теми, состојбата во светската економија на средбата во Глениглс ќе има маргинална улога. Сепак, германскиот канцелар Шредер, поради рекордните цени на нафтата, уште еднаш ќе се обиде да обезбеди иницијатива на групата осум за поголема транспарентност на пазарите на нафта.

Инаку, на масата на шефовите на држави и влади на Г8 ќе седи и кинескиот престедател, Ху Џинтао. Неговата земја може да се носи со економската моќ на дел од земјите членки на групата, и во меѓувреме во светската економија игра една од главните улоги. Можеби нема да трае долго и групата осум ќе стане Г9.