1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Клаус: Не чекајте спас од страна, продолжете да преговарате

Недостојно е да се разговара за име кое една држава сама си го избрала. Но, верувам дека може да се најде решение. Преговорите треба да продолжат, а не да се чека спас од страна, изјави чешкиот претседател Вацлав Клаус.

default

Вацлав Клаус

По денешната средба со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, чеüкиот претседател Вацалв Клаус, во Скопје изјави:

„ Светот и Европа имаат редица поголеми проблеми, така што спор за едно име коешто самата држава си го избрала, ми се чини сосема недостоен. Се согласувам со Иванов дека не е можно наметнато решено со кое не би се согласиле граѓаните. Треба да се продолжи со преговорите, а не да се чека решение ’од горе’ “, рече Клаус.

На новинарското прашање како би требало ЕУ да постапува во случај кога билатерално прашање ги блокира евроинтеграциите, Клаус истакна дека нема храброст да ја советува Унијата, бидејќи не знае кого да советува во таков случај.

„ Дали е тоа претедателот на ЕУ, Ван Ромпој или на Европскиот совет, или на двете доминатни држави кои ја определуваат политката на ЕУ - Франција и Германија? Или би требало да мислам дека ЕУ е се‘ уште заедница на суверени држави кои заемно соработуваат? Кога тоа би било вистина, во таков случај би требало да давам совети на Грција“, рече Клаус.

Иванов: Решението да се бара во рамки на ОН

Претседателот Ѓорге Иванов го повтори ставот дека Македонија е подготвена за заемно прифатливо решение за името во спорот кој е нелогичен и надвор од сите меѓународни принципи, а ги блокира интеграциите во НАТО и во ЕУ. Според него, радува што во последно време е интензивирана комуникацијата меѓу премиерите на двете земји, што оди во прилог на враќање на довербата, но како што рече - решението мора да се бара во рамките на ОН.

„Ние сме подготвени да се дојде до решение кое ќе биде заемно прифатливо, кое нема да посега по нашиот идентитет, јазик и достоинство, односно компромис во кој ќе нема добитници и ќе нема губитници, кој ќе биде

George Ivanov von VMRO DPMNE

Ѓорге Иванов

прифатлив за двете држави, а тоа што ќе биде замено прифатливо треба да го прифатат и граѓаните на нашите две држави. Ако тоа решение не е прифатливо за граѓаните ќе создаде многу дополнителни проблеми. Ние сме подготвени да дојдеме до такво решение “, рече Иванов.

Чешкиот претседател Вацлав Клаус денеска се сретна и со македонскиот премиер Никола Груевски, а има средби и со пратениците-членови на повеќе собраниски комисии и со Националниот совет за евроинтеграции.

Двајцата претседатели Ѓорге Иванов и Вацлав Клаус утре ќе имаат обраќања на македонско-чешкиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје. Клаус, исто така, ќе има средба со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, со првите луѓе на верските заедници во земјата, како и со градоначалниците на Скопје, Тетово и Сарај.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Симе Недевски