1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Клаус: Западот се враќа кон социјализмот

Чешкиот претседател вели дека е разочаран од мешањето на државата во општеството во модерните западни држави.

default

Чешкиот претседател Вацлав Клаус смета дека промените по падот на комунизмот во Европа не успеале и Западот се враќа кон социјализмот и кон општеството водено од државата, јави дописникот на МИА од Прага.

„За мене, како некој кој што падот на комунизмот активно учествуваше во подготовка и организација на радикалните политички и економски промени, актуелниот свет е разочарување. Живееме во многу поголемо социјалистичко општество, водено од државата отколку што замислувавме“, додаде Клаус.

Чешкиот претседател, ги повика критичарите на актуелните случувања во западните земји да бидат погласни и активно да ја „промовираат слободата“.

„Не очекував дека одбраната на идеите за капитализмот, слободниот пазар и минималната држава ќе бидат така слаби“, оцени Клаус.