1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Класика на „Вембли„: Англија - Германија

Вечер на новиот стадион „Вембли„ натпревар за престиж: играат фудбалските репрезентации на Англија и Германија. Наводно станува збор за „пријателско„ одмерување на силите.

default

Новиот „Вембли„ ќе биде полн како пчелино саќе!

Одамна минаа времињата кога лулката на фудбалот Англија ја испраќаше репрезентацијата на Германија со полна мрежа голови. На пример, во првиот натрпевар на во Берлин на 20-ти април 1908 година со 5 спрема 1 и во реваншот во Оксфорд на 16 март 1909 со 9 спрема 0. Вечер на новиот „Вембли„ нов дуел за престиж. Последниот на стариот терен го добија Гермаците со 1 спрема 0.

Германските 11 се враќаат во „Катедралата на фудбалот„. Со старата арена ги поврзуваат добри и лоши спомени. До денес остана спорен познатиот англиски „Вембли гол„ на Џефри Харст од финалето на Светското првенство во 1966 година, кога домаќинот за прв и последен пат стана светски првак. Германија пак, беше последната репрезентација што ја совлада Англија на стариот „Вембли„. Дитер Хаман го постигна единствениот гол на 7 октомври 2000-дитата. Една година подоцна, арената беше урната. По шест години градење и милијарда ипол евра трошоци, се роди новиот „Вембли„. На трибините вечер ќе се случи и вистински „самит„ меѓу британскиот премиер Гордон Браун и германската канцеларка Ангела Меркел, кои претходно ќе разговараат за важни меѓународни теми.

За германскиот сојузен тренер Јоахим Лев, натпреварот против Англија е важен тест пред следните игри во квалификациите за Европското првенство во наредната година:

„Така да се каже, битка за престиж. Англија е посебен противник. Може многу да се научи, а во таков натрпевар да се засили и самодовербата, потребна за наредните задачи„.

Исто како и Лев, така и Англичаните можат да понудат само Бе-екипа, поради големиот број повредени од првиот сотав. Тренерот Стив Мекларен сепак, ќе може да смета на големата ѕвезда Дејвид Бекам кој допатува од Њујорк и ќе настапи од почетокот. Мекларен образложува:

„Тој е назад во екипата поради неговите постигнувања. И ќе игра. Тоа е тоа„.