Киро Глигоров | Теми | DW | 11.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Киро Глигоров

Киро Глиговор е македонски политичар и економист роден на 3 мај 1917 година во Штип. Почина на 1 јануари 2012 година. Прв претседател на независна Република Македонија и долгогодишен државен функционер во СФРЈ.

Глигоров се враќа во Македонија од Белград веднаш по одржувањето на првите повеќепартиски избори во 1990 година. Избран е за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на 27 јануари 1991 година. Во 1994 година добива нов мандат на функцијата на непосредни избори. Во 1995 преживува обид за атентат во центарот на Скопје, но се здобива со тешки телесни повреди. Во 1999 година на претседателската функција го заменува Борис Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ. Глигоров останува повремено активен во политиката. Почина на 1 јануари 2012 година на 94 годишна возраст.

Покажи повеќе написи