Кирил Лазаров | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Кирил Лазаров

Кирил Лазаров, роден на 10 мај 1980 година во Свети Николе) е ракометар и македонски репрезентативец.

Лазаров, кој во моментов настапува за францускиот Нант, е најпознатиот македонски ракометар, и долги години најдобар десен бек во светот. Капитен е на македонската ракометна репрезентација и рекордер по број на постигнати голови на едно Светско (92) и Европско (61) првенство. Тој е првиот ракометар во европската Лига на шампионите кој успеал да постигне 1.000 голови.