1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кирил Божиновски нов Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот Комитет на владејачката патија ВМРО-ДПМНЕ синоќа го изгласа новиот Извршен комитет на партијата. Станува збор за скратен состав за разлика од претходниот со нови неколку нови членови.

default

Седиштето на ВМРО- ДПМНЕ во Скопје

За нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е избран актуелниот генерален секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски.


Досегашниот генерален секретар, Мартин Протуѓер во наредните четири години ќе ја извршува функцијата шеф на кабинетот на претседателот на Владата. Протуѓер го отстапува местото генерален секретар на партијата на лично барање поради здравствени причини.


Членови на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се: Мартин Протуѓер, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Илија Димовски, Марјан Ристевски, Коце Трајановски, Ивица Коневски, Александар Николовски, Крсто Муковски, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Караѓозова, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов и новиот генерален секретар, Кирил Божиновски.

Автор: СН/АТ/миа

Редактор: Александра Трајковска