1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кирилицата „истерана“ од Вуковар

Кавгата околу двојазичноста и употребата на кирилицата во хрватскиот град Вуковар, резултира со одлука на Градскиот совет за официјална употреба на латиничното писмо.

Одборниците во Градскиот совет на Вуковар усвоија изменет Статут на градот со кој тоа подрачје се прогласува за место од посебен интерес за жртвите од војната, дека службен јазик е хрватскиот, а во официјална употреба е латиничното писмо. Одлуката е донесена со мнозинство гласови на советниците од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Хрватската партија на правото (ХСП), против беа тројца советници на Самостојната демократска српска партија (СДСС), додека осум советници на Социјалдемократска партија (СДП) беа воздржани.

Тоа значи дека примената на законот за правата на националните малцинства во Вуковар, што предвидува и табли на српски јазик и кирилица, ќе се одложи во целост додека не се исполнат услови за такво нешто. Двојазичните табли во градот беа насилно уривани веднаш по нивното поставување и покрај тоа што беа полициски обезбедувани.Противнците на кириличното писмо сметаат дека се погрешни податоците од пописот од 2011 година дека во градот живеат повеќе од една третина жители од српска националност, што овозможи примена на двојазничност.