1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кире Лазаров потпиша за Барселона

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е новиот член на европскиот вицепрвак Барселона. Лазаров е второто големо засилување за тимот, откако пред три дена договор потпиша и Никола Карабатиќ.

Со официјализирањето на соработката помеѓу двете страни е ставен крајот на шпекулациите околу иднината на Кире Лазаров, иако во сите варијанти Барселона се споменуваше како најреална опција.

Лазаров по три сезони го напушти Атлетико Мадрид, откако клубот објави дека во следната сезона ќе влезе со драстично намален буџет.

„Чест и задоволство ми е што во наредниот период ќе бидам дел од спортската институција Барселона. Ова за мене е уште еден чекор понапред во мојата кариера и се надевам со мојот придонес дека Барселона ќе биде поквалитетен тим. Добро ми е познат системот на игра, бидејќи веќе подолго време сум учесник во ASOBAL лигата и сигурен сум дека брзо ќе се вклопам во него“, изјави Лазаров.

Десниот бек со Барселона потпиша двегодишен договор. Европскиот вицепрвак ќе биде седмиот клуб во кариерата на Лазаров, кој претходно има настапувано за Овче Поле, Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем и Атлетико Мадрид.